James Blunt - You're Beautiful
По зборовите на Блант: "Ова не е ебана мека романтична песна. Се работи за дечко во метро што е издрогиран како змеј и следи нечија туѓа девојка кога дечко ѝ е со нејзе, и треба да биде во затвор затоа што е манијак".
Born in the USA - Bruce Springsteen
Што луѓето обично мислат за песнава: Убер патриотска химна.
За што всушност се работи: Критичка песна за воената индустрија, за Америка и нејзиното учество во војните.
Imagine - John Lennon
Што луѓето обично мислат за песнава: Кротко размислување за мирот и глобалното единство.
За што всушност се работи: Радикални и револуционерни идеи за тоа како се постигнува мир.
American Pie - Don McLean
Што луѓето обично мислат за песнава: Дека се пее на караоке на пијано.
За што всушност се работи: За крај на една ера, во музиката (посветена е на Бади Холи) и целото американско општество.
Time of Your Life - Green Day
Што луѓето обично мислат за песнава: Дека некому посакува сè најдобро во иднина.
За што всушност се работи: На бившата девојка и кажува да си го фаќа патот.
It Was a Good Day - Ice Cube
Што луѓето обично мислат за песнава: Дека е за најдобрите 24 часа што се случиле или во ноември 1988 или во јануари 1992.
За што всушност се работи: Сонот на Кјуб дека ќе пројде еден ден без малтретирање од полиција или вооружени престрелки.
Bad Reputation - Joan Jett
Што луѓето обично мислат за песнава: Химна за бунтовници.
За што всушност се работи: Џоан Џет се бори со сопственото отфрлање од општеството.
И уште неколку тука