Таг: Леонардо Да Винчи

Букбокс репортажа: Изложба „Светот на Леонардо“ во Милано

Отворена во 2013, изложбата требаше да биде привремена, но од минатата година прерасна во музеј. Во постојаната поставка се поместени над 200 интерактивни 3Д машини и физички реконструкции на човекот кој не залудно го нарекуваат гениј.

21 генерација, 690 години: проектот „Да Винчи“ за пронаоѓање потомци на генијот

Леонардо никогаш не се женел и немал деца. Но имал 22 полубраќа. Истражувачите се надеваат дека подобро ќе го разберат неговиот ренесансен ум со тоа што ќе пронајдат негови наследници. 

Која е Чечилија Галерани, жената на славната слика на Да Винчи?

Сме ја гледале на гоблени и на oние старите бонбоњери. Сликата „Дамата со ласица“ е портрет на Да Винчи од крајот на 15 век, на жена која делува како симбол на спокојство и чистота. Нејзината приказна е сепак малку покомплицирана, исто како и обичаите во времето во коешто живеела.

На денешен ден: 500 години од смртта на Да Винчи

Леонардо си сер Пиеро да Винчи го напуштил овој свет на 2.5.1619, на (за тоа време) достоинствена старост од 67 години. Роден од брак на фирентински нотар и селанка, тој за време на животот станал вистинска рок ѕвезда во светот на уметноста. А постхумната слава еве му трае веќе пет векови.

Леонардо Да Винчи е икона за сите оние кои „си го губат времето“

“Што ќе ти е тоа“, “Нема пари во таа работа“, “Џабе си го арчиш времето“ се класични мудрувања на апостолите на ова време во кое се бара специјализација, фокусираност и посветеност на една мисија. Од друга страна го имате Да Винчи кој обожавал „да го троши времето“, меѓу другото проучувајќи го и јазикот на клукајдрвецот.

Како беше продаден Да Винчи за 450 милиони долари

Наддавањето за сликата од Исус создадена во 1500-те години, започна на 70 милиони долари, заврши на 400 милиони, а разликата до 450 милиони е за најразлични давачки и бонуси што новиот сопственик треба да ги плати. Ова е една од помалку од 20-те уметнички фотографии кои денеска постојат, а за кои се верува дека се на Леонардо Да Винчи. Аукциската куќа Кристис вршеше пренос во живо од целиот настан, а подоцна и објави скратено видео од наддавањето.

Како звучи „виола органиста"?

Човекот кој ја создаде Мона Лиза и првата скица за хеликоптерот бил визионер и на полето на градењето инструменти. Еден од нив неодамна конечно ги произведе првите ноти.

CV-то на Да Винчи

Oтприлика кога имал 32, Леонардо се пријавил за работа на дворот на Лудовико Сфорца,тогашен неформален владетел на Милано. Сакајќи да му гo задоволи вкусот, на идниот работодавач му испраќа писмо CV во кое ги форсира своите инжинерски знаења, а за уметноста, онака, некаде при крај, ако има време.