Во 15. век Леонардо направил дијаграм и опис на инструментот во неговите тетратки, но никогаш физички не го составил. Во модерни времиња имало неколку обиди неговата визија да се опредмети. Конечно, во октомври оваа година полскиот пијанист и градител на инструменти Славомир Зубрицки го промовираше резултатот од неговата долгогодишна работа - виола органиста во живо.
Инструментот е опишан како „чуден ѕвер", кој е тешко да се вметне во постоечките категории. Најточната дефиниција веројатно би била дека тој е комбинација на виолончело и „клавесин" - вид жичан инструмент сличен на пијаното, со тоа што кај него звукот се добива не со удирање по жицата, туку со нејзино влечење, како кај харфа. Затоа звукот на клавесинот е по „метален“.
Она што е фасцинантно за виола органиста е што има неверојатна способност да ги одржи нотите подолго време без тие да флуктуираат, од најдлабоките басови до највисоките тонови, и тоа десет ноти одеднаш! Така се добива речиси оркестарски звук, кој особено одговара на францускиот репертоар за „виола да гамба" (тенор виолата), како и за музиката оригинално напишана за клавесин.
Светската премиера на виола органиста на Меѓународниот кралски пијано фестивал во Краков, Сала Флоријанка, 18. октомври 2013