Цик цак акција со Распадори за деби гол на Елмас по само 45 секунди
Елиф Елмас го постигна својот деби гол за Аталанта и тоа уште во 1 минута од 1. коло во Конференциската лига против Пафос. Македонскиот репрезентативец стрелаше после одлично комбинирање со Распадори кој во 18-та минута зголеми од пенал. На 1 минута до крајот за 3:0 погоди Скамака, а гостите постигнаа почесен погодок во 88 минута.