Елиф Елмас е нов играч на Аталанта. Оди на едногодишна позајмица од Лајпциг, кој лани го прати во Наполи, а претходно во Торино.
Елмас на промоцијата го облече дресот со бројот 99 и ја упати и првата порака до фановите на Аталанта.
„Здраво навивачи на Аталанта. Јас сум Елиф Елмас и сум многу среќен што сум тука. Едвај чекам да ве видам на стадион. Напред Аталанта“.
Нашиот репрезентативец ќе работи со искусниот Маурицио Сари, кој сезонава го презеде кормилото на Аталанта.
Ќе игра во Конференциската лига, бидејќи тимот од Бергамо минатата сезона заврши седми. На првиот плејоф меч дома против Хапоел Тел Авив одигра 0:0. Реваншот е на 27-ми.
Елмас има 19 гола и 13 асистенции на 189 средби во Серија во дресот на Наполи и Торино. Со Наполитанците има Скудето, Куп и Супер Куп на Италија.