За Наполитанците ова е можност да го освојат Суперкупот после 11 години и обид да стигнат до третиот трофеј во ова натпреварување, кое го освоија во 1990-тa и 2014-та.
Во последните четири години, доминацијата ја држеа миланските екипи, кои освоија по два трофеи. Владетел е Јувентус со 9 трофеи, Милан и Интер имаат по 8, Лацио 5.
Супер Купот на Италија се игра од 1988-ма и по шести пат се одржува во Саудиска Арабија.
Елиф Елмас ќе го брка третиот трофеј во дресот на Наполи со подобриот од дуелот Интер - Болоња, откако во 2020-та славеше Куп со Гатузо, а во 2023-та Скудето со Спалети.