Сите досегашни соочувања меѓу Македонија и Данска

Куса е историјата меѓу фудбалските репрезентациите на Македонија и Данска. Вечерва го играат само четвртиот меѓусебен дуел. Учинокот е 1-1-1.

Првите две битки помладите не ги паметат, но за среќа ги имаат на Јутјуб. Се работи за првиот квалификациски циклус на Македонија за Еп 1996.

7 септември 1994-та беше голем ден за Македонија. Во очи на независноста остварена три години претходно, на преполниот Градски го игравме првиот официјален меѓународен натпревар.

Данска дојде како актуелетен европски првак со Шмајхел, Фрис-Хансен, Олсен, Рипер, Хелвег, Јенсен, Стин Нилсен, Филфорт, Кристенсен, и браќата М.Лаудруп и Б.Лаудруп (замени: Поулсен, Ларсен).

Андон Дончевски имаше силна чета предводена од капитенот Дарко Панчев како и Трајчев, Бабунски, Ѓуровски, Јовановски, Марковски, Најдоски, Станојковиќ, Стојковски, Т.Мицевски, Бошковски. (замени: Канатларовски, Серафимовски).

Пропуштивме голема победа и тоа после водство од 82 минути игра. Митко Стојковски ја фрли во делириум публиката уште во 4 минута, Поулсен израмни во 86. Црвен картон поради удар со лакт на самиот старт од вториот дел доби Панчев.

Реваншот се играше на 26 април следната година. Данците победија со 1:0 со голот на Нилсен во 70 минута.

18 години подоцна го одигравме третиот дуел со Данска, кој беше пријателски. Го решија Пандев, Ибраими и Новески, кои интересно, сега сите тројца се ангажирани со функции во ФФМ.

Пријателската се осигра на 6 февруари 2013-та. За Македонија настапија: Пачовски, Грнчаров, Лазевски, Новески, Тодоровски, Демири, Глигоров, Пандев, Ибраими, Јаховиќ, Тричковски (замени: Богатинов, Стјепановиќ, Тасевски, Трајковски, Ивановски, Мојсов)

26 март 2026 - 12:40