Македонската фудбалска репрезентација е дефинитивно во играчка и резултатска криза. Статистиката е очајна.
Осум натпревари без победа и четири без постигнат гол.
На последните осум средби има дадено само два гола. Против Казахстан дома (1:1) и оној на дебаклот во Велс (7:1), а примено 16.
Ова е само шести пат да имаме низа од четири натпревари без постигнат гол, која трае 427 минути. Последен пат тоа се случило пред 11 години.
Тогаш селектор беше Љубинко Друловиќ кој доби отказ, а потоа со Игор Ангеловски и Боби Милевски не бевме ниту близу до таква лоша серија.
Македонија се нема израдувано на победа од 7 септември 2025-та кога во Квалификациите за СП го совлада дома Лихтенштајн со 5:0.
Сакале, нејќеле, серијата без победа ќе трае една година или до 26 септември, кога тимот на Гоце Седлоски ќе има шанса да и стави крај на лошата серија.
Противникот е сериозен и се вика Швајцарија со кој го играме првиот меч од новата сезоната во Лига на нации. Летово ќе го играат шестиот Мундијал во низа.
Во случај да не постигнеме гол и на оваа средба, тоа ќе биде прв пат во историјата имаме пет меча по ред без постигнал гол.
ФФМ некое време после мечот со Турција стави забрана за коментирање на објавата со фотографии. Но во меѓувреме, еден позитивен коментар немаше.
„Колку време сте без гол бе дечки, од 7-1 со Велс... На 5 натпревари даден само еден гол, а примени 15...Не се срамите малку? Ова е резил за професионални фудбалери“.
„Ниту имаме напад ниту одбрана“.
„Селекторот да си даде оставка, не е способен да ја води репрезентација“.
„Една акција да беше смислена... Со Ангеловски, па и со Милевски барем имаше некоја идеја. Ова беше ко на времето, само топката подалеку“.
„Станавме селекција за подобрување на статистиката“.
„Кога ќе дадеме гол исто како да сме освоиле Светско првенство ќе биде“.
„Требаше со Сан Марино да закажете, да не се брукате“.
