Засилување од МЛС и Колумбија во составот на Македонија, кам бек на Боби

Македонската фудбалска репрезентација со низа новитети во тимот ќе го напаѓа поранешниот европски првак Данска во Копенхаген.

Гоце Седлоски ќе дебитира како селектор на Македонија со тројца нови играчи во репрезентацијата и тројца повратници.

Македонскиот дрес за прв пат ќе го облечат, Дани Мусовски од Сиетл Саундерс кој со години гради кариера во МЛС лигата, а има играно и за Лос Анџелес, поранешниот клуб на Златан Ибрахимовиќ.

Потоа колумбискиот бек со македонски пасош Себастијан Херера кој игра за Борац Бања Лука, а пет години беше член на Работнички. 

Новајлија е и Имран Фетаи од Шкендија, а кам бек во репрезентацијата прават искусните Бобан Николов, Љупче Дориев и Егзон Бејтулаи.

Неизвесен е Џани Алиоски за кој Лугано бара да не игра за Македонија, бидејќи отсуствуваше подолго време поради повреда.

Бараж средбата за СП 2026 меѓу Данска и Македонија, која се игра во Копенхаген е закажана за 26 март од 20:45. Победникот ќе игра финале со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.

Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев и Дамјан Шишковски

Одбрана: Езѓан Алиоски, Андреј Стојчевски, Себастијан Херера, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Никола Серафимов, Висар Муслиу, Имран Фетаи, Егзон Бејтулаи.

Среден ред: Елиф Елмас, Енис Барди, Бобан Николов, Тихо Костадинов Решат Рамадани, Исник Алими, Љупче Дориев, Лука Станковски, Јани Атанасов.

Напад: Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Милан Ристовски, Александар Трајковски, Енис Растодер, Лирим Ќамили, Дени Мусовски.

16 март 2026 - 12:03