Македонија беше инфериорна пред своите навивачи против Швајцарија во сите 90 минути. Киксираше повеќе пати во одбрана, а во напад не покажа апсолутно ништо.
Средниот ред не организираше ниту една акција за гол. Елмас и Барди кои треба да бидат носители на играта, разочараа. Позитивен впечаток остави дебитатот Матеј Гаштаров кој на 19 години е првотимец на Црвена Ѕвезда.
Миовски и Растодер во напад не добија ниту една употреблива топка. Само Македонија и Сан Марино синоќа не упатија шут во рамки на гол. Срамота. Како Аргентина или Франција да ни дојде на гости.
Статистиката на нашиот национален тим е погубна и очајна:
- За прв пат во историјата, се случува Македонија да не постигне гол на пет натпревари по ред. Сите пет под водство на Гоце Седлоски.
- Последниот гол датира од ноември минатата година кога со Боби Милевски како селектор загубивме 7:1 од Велс.
- На последните девет средби, Македонија има дадено само два гола и нема ниту една победа. Скорот е пет нерешени и четири порази.
Следната шанса за прекинување на оваа лоша серија е дуелот против Словенија на гости на 29 септември.
