Пред нешто помалку од 12.000 гледачи на „Градски стадион“ во Скопје (цената на влезници од 700 денари па нагоре една од причините за слабата посета), Македонија вечерва се соочи со една од посилните европски селекции.
Под водство на харизматичниот селектор Мурат Јакин, Швајцарија веќе неколку години по ред игра завршници на Европски и Светски првенства.
Дека се фудбалска класа покажаа и вечерва.

Селекторот на Македонија Гоце Седлоски реши да не експериментира многу па во првите 11, во формација 4-4-2 се најдоа: Димитриевски, Илиевски, Зајков, Муслиу, Ерера, Костадинов, Гаштаров, Барди, Елмас, Растодер и Миовски.
Швајцарците кои допатуваа без капитенот Гранит Џака, имаа искусни фудбалери во Аканџи, Родригез и Ридер засилени со младите сили Јашари од Милан, Манзамби од Астон Вила, Зеки Амдуни од Барнли итн.

Гостите уште од почеток наметнаа силно темпо, имаа огромен посед на топка и веднаш почнаа да плетат мрежа околу голот на Димитриевски.
Тоа резултираше прво со гол на Ремо Фројлер на прекрасна асистенција со глава на Зеки Амдуни кој му ја спушти „на тацна“ во 22' минута за 0-1:
Македонија не се опорави од овој гол, а Швајцарците неуморно бараа нов погодок. И го најдоа во 44' минута, овојпат во улога на стрелец беше асистентот при првиот гол, центарфорот на тимот од Чемпионшип, Барнли, Зеки Амдуни за 0-2:
Во 47 минута дебитантот Матеј Гаштаров доби директен црвен картон поради еден фаул над Мазамби но судијата прегледуваше ВАР снимка и му го поништи црвениот картон, па му покажа само жолт.

Селекторот Седлоски во вториот дел направи измени, проба да ја освежи играта со Митровски и Елези кои влегоа место Костадинов и Растодер. После нив на терен влегоа од клупата уште и дебитантот Маљичи и Азер Омерагиќ.
Ни тоа донесе некаков плод затоа што Зеки Амдуни продолжи да си поигрува со нашата одбрана а круна на неговиот врвен настап беше маестралниот дриблинг во 74' минута кога македонските стопери не можеа ништо а Амдуни зголеми на 0-3:
Во следното коло, Македонија веќе во вторник на 29-ти септември и гостува на Словенија. Во Љубљана на стадионот „Стожице“ кој има капацитет од 16.000 гледачи.