На една страна беа Фемили Аеродром на својата трибина, а во гостинскиот сектор имаше неколку стотини навивачи на Работнички кои на крајот ја прославија победата, една од ретките против големиот ривал последните години.
Капитенот Виктор Ефремовски со 17 поени беше најефикасен кај тимот од Градски парк кој е лидер на табелата. Американецот Џексон Елингсворт постигна 14 поени. Кај МЗТ Скопје Адем Мекиќ уфрли 14 поени а Војдан Стојановски запиша 10. Ова е втор пораз сезонава за „металците“ кои се во пад на формата.





