Лацио и Серија А загубија многу со продажбата на Сергеј Милинковиќ Савиќ во Саудиска Арабија, кој потпиша неодолив тригодишен договор од 30 милиони евра по сезона. Погледнете го триков. Мозок.
Ал Хилал ги претстави тренерот Хорхе Жезуз, како и големите засилувања Сергеј Милинковиќ Савиќ, Кулибали и Рубен Невес на спектакуларен начин. Шоу прават од настанот. Останува да видиме колку ќе им пркне квалитетот на фудбалот. Сергеј веќе постигна и деби гол.
Точно 70 секунди му беа потребни на Сергеј Милинковиќ Савиќ за деби гол уште на првиот настап во новата средина каде ќе заработува по 20 милиони евра во наредните три сезони. Ал Хилал славеше против Ал Кувајт со 4:2, а Србиот блесна гол и страшен пас во шеснаесетник. На листата на стрелци се запиша и Рубен Невеш.
Постои една критична маса или поточно индивидуи кои се скептици за квалитетите и придонесот на Милинковиќ Савиќ за репрезентација. Фудбалски српски фанатик фино лепо им докажува дека ептен не се во право.
Паралелно со дуелот Македонија - Косово, во Осло Србите водеа тешка битка против Норвешка за пласман во финале во Лигата Ц. Херој на средбата беше џокерот Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Лацио првпат после цели 12 години обезбеди место кое води во Лига на шампиони, откако синоќа со 2-1 го совлада Каљари после пресврт. Гостите поведоа, а израмни српскиот репрезентативец Милинковиќ-Савиќ со страшен гол, најубав негов сезонава.
По три месечното фудбалско мртвило, сега човек не може да постаса со фудбали, бидејќи распоредот им е турбо и секој ден има што да се гледа. Синоќа во Серија А паднаа 14 гола на три средби. Ви издвојуваме топ 4.
Веќе добри три години го селеа во Јуве, Интер, Сити, Реал, Челси...за суми од 80, 100, 120 милиони евра, ама српскиот репрезентативец и натаму е во Рим. Дечкото везе и не се плаши од никој во среден ред.
Релаксиран тренинг на Лацио во сред недела на сончево време. Топки колку сакаш околу играчите. Една од нив ја си ја тапка Сергеј Милинковиќ Савиќ и гаѓа во гол ама од позади. Се слуша гласот на Симоне Инѕаги кој наеднаш занемува.
Среќата треба да се заслужи - фраза која што најдобро го опишува младиот тренер кој покажа колку знае и кој допрва ќе демонстрира тактички вештини. А буквално преку ноќ седна на клупата на Лацио и сега е еден од најтрофејните тренери на овој клуб во историјата.
Лето е период за трубење, шпекулирање и билдање цени на играчи со помош на освојување простор на насловни страни. Но со оглед на статусот и муабетите за нив, половина сигурно, а можеби и сите овие јаки имиња ќе го сменат дресот.
Римското дерби е натпреварот за кој градот живее цела година, а синоќешните 0:0 се доказ дека и двете екипи се плашеа од пораз. Имаат идентичен број на бодови и се во пеколна битка за место во топ 4. Последните секунди истекуваа, а Сергеј Милинковиќ Савиќ се обиде како на кошарка. Срце им застана на Лацијалите.
Сергеј Милинковиќ Савиќ е бисерот на Лацио за кој постојано се пишува и зборува дека римјаните тешко ќе го задржат на лето. Одигра маестрално прво полувреме против Наполитанците кои не можеа топка да му земат.
Италијанскиот весник Кориере дело Спорт пред еден месец излезе со шокантна насловна страница, дека ПСЖ за српскиот репрезентативец нуди лудачки 170 милиони евра. СМС има само 22 години и е веќе еден од главните играчи во тимот на Лацио. Освен што владее со топката и дели топки со очи, дава голови за најавните шпици.
Лацио во среден ред има бисер кој скратено е познат како СМС. Има 22 години, а игра зрело како да е преку 10 години во кариера. Синоќа против Сампдорија со еден потег своите двајца чувари ги прати по цигари, а потоа од пред својот шеснаесетник, даде топка со очи од која се создаде 100% шанса за гол. Внимавајте на Сергеј на СП 2018. Србија минатиот месец го зема за репрезентација.
Новиот тренер на Лацио Симоне Инѕаги ги врати насмевките кај фудбалерите со две победи на два меча. Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ не играше на вчерашниот меч против Емполи, но му ја одржа првата лекција по пеење на Нигериецот Онази кој беше стрелец на вториот гол.