Мрежите на мечот Норвешка - Србија мируваа 82 минути, а тогаш на сцена стапи ѕвездата на Лацио кој влезе од клупа и постигна два гола.
Прво во 82-ра, на што домаќинот израмни во 88-ма минута и мечот отиде во продолженија, а потоа во 102-ра минута за конечни 1:2.
Секој друг овде би ја шутирал јако, а фудбалерот на Лацио изненади бидејќи тоа го направи многу елегантно на брилијантен начин. На коментаторот му зготиса и во сред пренос рече: Па дајте тај гол више.
Голот на Милинковиќ за 0:1
Израмнувањето на Норвежаните преку Матиас Норман
„Не можам на себе да дојдам што дадов два гола за репрезентација баш на оваков натпревар. Сите сме среќни, но знаеме дека не е готово и дека не чека уште еден важен меч“, изјави популарниот СМС.
Интересно тој пред мечот комуницирал со брат му, кој инаку брани за Стандард и кој не бил во добро расположение. Сергеј го исполни тоа што Вања го побарал од него.
Прв им честиташе претседателот на Фудбалската федерација на Србија, Славиша Кокеза.