Милинковиќ ги уништи Ериксен и Барела

Веќе добри три години го селеа во Јуве, Интер, Сити, Реал, Челси...за суми од 80, 100, 120 милиони евра, ама српскиот репрезентативец и натаму е во Рим. Дечкото везе и не се плаши од никој во среден ред.

Сергеј Милинковиќ Савиќ синоќа беше еден од најдобрите поединци на мечот Лацио - Интер. Освен што го реши со гол за конечни 2:1, си поигруваше со двајца играчи.

Него што е со италијанско сезонава луѓе? Ново коло, нов спектакуларен меч кој сега уште повеќе го згусти врвот на табелата.

Лацио губеше на полувреме од Интер 0:1 и во второ се избори за целосен пресврт. Точно е дека Конте сезонава има тим конкурентен за Скудето, плус во јануари како нови засилувања ги доби Ешли Јанг, Ериксен и Мозес, но синоќа падна на трето место.

Причина за тоа се фасцинантните резултати кој ги остварува тимот на Симоне Инѕаги кој замислете стигна до низа од 19 меча без пораз. Сега тие се втори на само еден бод до Јуве. Каква ситуација на врвот на табелата.

Хајлајтс од мечот

Клоп изненади со прогнозата за на крај.

17 февруари 2020 - 09:56