Спортска среда со мераклиски голови

По три месечното фудбалско мртвило, сега човек не може да постаса со фудбали, бидејќи распоредот им е турбо и секој ден има што да се гледа. Синоќа во Серија А паднаа 14 гола на три средби. Ви издвојуваме топ 4.

Прво му даваме предност на Един Џеко затоа што сам и направи пресврт на Сампдорија и тоа на спектакуларен начин со два мајсторски волеј потези. 

Гостите поведоа уште во 11-та минута, но Босанецот ги реши елегантно во 64-та и 85-та минута.

Потоа се селиме во Бергамо, каде опасната Аталанта која сезонава стигна до историско четвртфинале во ЛШ, му заврши голема работа на Јуве во борбата за Скудето. Губеше 0:2 од Лацио по само 11 минута, но на крај победи 3:2.

Од оваа средба имаме две бомби за издвојување. Прво на Милинковиќ Савиќ.

Потоа и на Руслан Малиновски

25 јуни 2020 - 10:01