Зошто Сергеј е мозок за фудбал кој Пикси треба да го постави за генерал?

Постои една критична маса или поточно индивидуи кои се скептици за квалитетите и придонесот на Милинковиќ Савиќ за репрезентација. Фудбалски српски фанатик фино лепо им докажува дека ептен не се во право.

Популарниот СМС треба да служи како тест за тоа дали разбирате фудбал или не. Многумина го оценуваат според селективна пристраснот и емоции, стои во анализата на Твитерџијата кој ќе го најдете како Serbian Football Scout.

Има скоро 8.000 следбеници, меѓу кои Моцарт Спорт, Спорт Клуб, па дури и поранешниот холандски напаѓач Хунтелар кој играше за Ајакс, Реал, Милан...

Се претставува како скаут, новинар и аналитичар и според напишаното се гледа дека знае што прави. За да ја анализира играта на ѕвездата на Лацио го земал последниот меч на Србија која во квалификациите за СП ја доби Црна Гора на гости со 0:2.

Анализата му е одлична, едноставна и издржана со примери, статистики и видеа. Ви ја пренесуваме во целост:

Целта е да се расчистат две главни заблуди:

- Како Тадиќ и Сергеј не само што може да играат заедно, туку тие се најдоброто нешто што го имаме.

- Како Сергеј не ја успорува играта и е клучот на нашиот успех.

1. Фудбалот се игра со квалитетни поврзувања на терен. Тадиќ - Митро е дуо кое сите го знаеме и сакаме, но она што нè тера да штиклираме е Сергеј - Тадиќ. Без нив се враќаме во мрачните времиња. Имаат конекција на терен со неверојатна фудбалска интелигенција. Сè што е добро поминува преку нив.

2. Дури и на нашиот прв гол. Сите го паметат финишот на Влаховиќ, нафрлувањето на Младеновиќ и пасот на Тадиќ до Филип. Но никој нема да се сеќава на смиреноста и прогресивното додавање на Сергеј со кое почна целиот напад и беше клучно за поставување на транзицијата.

3. Другата работа што ја прочитав е како ги успорува нашите напади. Вистината е обратна. Кога има можност или движење за да го искористи просторот, тој користи минимален број на допири. Погледнете ги примерите. Визија, брза одлука, прогрес.

4. Видеото не е единствениот доказ што ја докажува мојата поента, туку и статистиката.

- Поуспешни додавања во последната третина од Тадиќ, Грујиќ и Илиќ заедно.
- Најмногу успешни додавања во напад.
- Најмногу одземени топки.

Презеде убедливо најголем ризик и пак имаше 87% прецизност во додавањата, што е одлично.


5. И сето тоа додека игра надвор од својата позиција. Во прво полувреме во таа чудна широка улога на 10-ка. Второ полувреме како 6-ка, кога е на 8-ца. Дајте му малку помалку одбранбена одговорност, малку повеќе слобода и работите ќе стануваат уште подобри.

6. Тогаш што е тоа што ги лути луѓето? Погледнете ја најголемата грешка што ја направи во текот на целиот натпревар. Лошо прво додавање со неговата послаба нога, што можеше да доведе до контранапад. 

Вистината е дека многумина од вас не го сакаат и го оценуваат според селективна пристрасност и емоции, стои на крајот на анализата од која ви пренесуваме уште неколку важни поенти.

Виа

7 април 2023 - 15:18