Работни наслови на славни романи

Сте ја читале „Трималчио во Вест Ег?" А сте го гледале филмот направен според неа? Веројатно да, ама не ја препознавате затоа што тоа бил еден од работните наслови на „Големиот Гетсби".

Сајтот Jonkers Rare Books има собрано работни наслови на голем број денес познати дела, кои можеби не би биле такви да им останале оригиналните наслови. Понекогаш токму тие, како и корицата на книгата, е она што продава, па авторите, како спомнатиот Фицџералд со „Гетсби", долго време се премислуваат околу тоа како ќе им се вика книгата. Секако, улога имаат и уредниците, а понекогаш и случајноста. Еве некои од примерите, детално опишани во долниот инфографик:

„Први впечатоци" подобро позната како „Гордост и предрасуда" (Џејн Остин, 1813)

Кога била завршена, во 1796, „Први впечатоци" не можела да најде издавач. Тоа се случило дури откако била објавена „Разум и чувствителност", па можеби заради истоветната структура на овој наслов, или заради делумно променетата приказна, Остин решила да го промени насловот и на „Први впечатоци" во нешто што навистина звучи подобро, и тоа не само како прв впечаток.

„Трималчио во Вест Ег" подобро позната како „Големиот Гетсби" (Ф.Скот Фицџералд 192)

Трималчио е новопечен припадник на високата класа во древен Рим, лик од Сатириконот на римскиот автор Петрониус. Она што сакал авторот да го постигне е да го поврзе Трималчио и неговиот оргијастички карактер со Гетсби. Тоа што го сменил насловот е веројатно една од неговите подобри книжевни одлуки.

„Четири и пол години борба против лаги, глупост и кукавичлук" подобро позната како - „Мојата борба" (Адолф Хитлер, 1925)

Заслужен за скратувањето на насловот е издавачот на Хитлер. Мора да се признае дека повеќе се препознавме во првиот, особено ко за автобиографија (инаку пишувана во затвор).

„Последниот човек во Европа" подобро позната како 1984 (Џорџ Орвел, 1949)

Има многу теории зошто овој славен роман се вика така како што се вика. Но за првиот наслов приказната е појасна - Орвел бил прилично осамен додека ја пишувал книгата на изолиран остров, а ист таков е и неговиот лик Винстон од романот.

„Сè е добро штом добро ќе се заврши" подобро позната како Војна и мир (Толстој, 1869)

Толстој, откако се одлучил за првиов наслов, решил да додаде многу повеќе историски податоци за војните (Кримската и инвазијата на Наполеон на Русија), па со толку битки веројатно по некое време тој му се видел преромантичен.

За другите наслови во инфографикот (клик за поголемо)

 

28 јули 2016 - 11:21