Тензично во Оклахома, Јокиќ и Вилијамс се фатија за врат
Денвер Нагетс загуби на гостувањето против Оклахома во продолженија со 121-127. Мареј постигна 39 поени, а Јокиќ оствари трипл-дабл. Србинот влезе во клинч со Лугенц Дорт, кој неспортски го фаулираше, а потоа и со Џејлин Вилијамс, кој застана во одбрана на својот соиграч. Дорт беше исклучен за намерниот фаул, а Јокиќ доби техничка.