Нов монструозен трипл-дабл на Јокиќ, број 30 сезонава

Само еден ден откако го добија Феникс, кошаркарите на Денвер славеа против Далас со 142-135. Само еден ден откако Јокиќ оствари трипл-дабл, еве го со нов. Само прашање на време е кога ќе го стигне рекордот на Расел Вестбрук.

Серијата на трипл-дабл учиноци на Јокиќ продолжува со 23 поени (8/19 од игра, 1/5 за три) со 21 скок и 19 асистенции.

Со ова стана прв кошаркар во историјата кој на два меча по ред постигнал 15+ поени, 15+ скока и 15+ асистенции.

Ова му е трипл дабл број 30 сезонава или 194 во кариерата во регуларниот дел од сезоната. Расел Вестрбук е пред него со 209.

Сепак, главен играч на мечот беше Џамал Мареј со 53 поени или само два помалце од неговиот личен рекорд. На Канаѓанецот сè му одеше од рака и веќе на полувреме имаше 33 поени. 

Шутираше со 19/28 од поле, 9/14 за три поени и 6/6 од слободни. Плус имаше и 6 скока и 4 асистенции. 

 
26 март 2026 - 08:45