Таг: никола јокиќ

Јокиќ е семоќен, сам на себе си асистираше

Србинот блесна против Хјустон со 39 поени, 15 скока и 10 асистенции и ја доби мега битката против Шенгун, кој исто така го заврши мечот со трипл-дабл. Издвојуваме уште еден клип од супер интересната битка на Западот.

Страшен кам бек на Денвер од -23, доминација на Јокиќ со 40 поени

Со Јокиќ не се излегува на крај. Атланта и при водство од 71:48, не успеа да ги победи Денвер, кои го направија третиот најдобар пресврт во својата историја за 9-та победа над Хокс, на последните 10 нивни соочувања. 40 поени, 9 скока и 8 асистенции на Јокиќ од кои 30 во второто полувреме.

Триото на Денвер испиша нова НБА историја

Мареј одигра страшен натпревар против Индијана со 52 поени, а тоа донесе нов, до сега невиден податок кај деталните НБА статистичари. За прв пат во историјата, тројца играчи од ист тим постигнуваат минимум 50 поени после првите 21 натпревари од сезоната. Серијата ја почна Гордон на 23 октомври со 50 поени против Голден Стејт Вориорс, ја продолжи Јокиќ со 55 поени против Лос Анџелес Клиперс, а ноќеска ја заокружи Мареј со 52 против Индијана Пејсерс.

Јокиќ непредвидлив и во улога на плејмејкер

И да победува и да губи, за Јокиќ трипл-дабл учинокот е веќе нормала. Синоќа стигна број 11 оваа сезона, но сепак недоволно за победа на Денвер, кој загуби дома од Далас со 131:121. Србинот имаше 29 поени, 20 скока и 13 асистенции. Што сака си прави во напад, овој пад како плеј во неколку ситуации.

Надреалната асистенција на Јокиќ со поголемо и заслужено внимание

„La Giornata Tipo“ е најпозната италијанска Фејсбук страна наменета за кошарка. Имаат издвоено речиси едноминутен клип од синоќешниот магичен пас на чудото од Сомбор. 

Трипл-дабл број 10 на Јокиќ, тројка од пола терен и нереална асистенција

Веќе не е ни вест кога Никола Јокиќ ќе оствари трипл дабл. Него што му е со тројката од центар ала Стев Кари и пасот во стилот на Џејсон Кид?

Јокиќ му покажа на Шенгун како се игра еден на еден

Денвер го совладаа Хјустон 112-109 и ја запиша 12-та победа сезонава. На Јокиќ му фалеше само една асистенција за да го запише 10-от трипл дабл. Но и покрај тоа, беше играч на мечот со 34 поени, 10 скока и 9 асистенции. Најголема помош доби од Мареј, кој постигна 26 поени. Алперен Шенгун имаше 14 поени, 5 скока и 6 асистенции. Ќе издвоиме две кратки видеа, играта на Јокиќ еден на еден со Шенгун и едно лудо додавање во негов стил.

Седми триумф на Денвер во низа, седми трипл-дабл на Јокиќ

За Никола Јокиќ, кошарката е едноставна игра. Тој и кога нема ден, стигнува до трипл-дабл, како што беше ноќеска на мечот против Минесота, на кој настапи со здравствен проблем.

Јокиќ им одржа мастерклас на Клиперси со 55 поени

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс добија бесплатен час по кошарка од Никола Јокиќ, кој нема како да го задржат во НБА.

Омилените асистенции на соиграчите на Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс се благословени што за колега го имаат Никола Јокиќ, човек кој во една шака ја има кошарката и кој е пред сè интелигентен тимски играч. „Треба фајлови да отворам за да ја најдам омилената. Тоа беше против Њујорк. За глава се држев на клупа“, објаснува Мареј.

Ако не е трипл, тогаш е јак дабл-дабл на Јокиќ

По триумфот над Индијана, Денвер запиша нова победа и стигна до скор од 7-2 сезонава. Јокиќ доби голема помош, ама и не знаеше да промаши.

Топ 3 додавања на Јокиќ против Мајами

Не може да го пофатиме човеков со материјалот кој го вади од секој натпревар. Има мастраф за шоу кој заслужува топ листа. Само од синоќешниот дар мар против Мајами Хит, издвојуваме пар врвни пасови.

Јокиќ против Јовиќ: 33 поени, 15 скока и 16 асистенции

Денвер Нагетс го совлада Мајами Хит со 122:112, благодарение на уште еден доминантен настап на Никола Јокиќ, кој повторно растури. Петти трипл-дабл сезонава, 71-ви во кариеарата остварен во првите три четвртини.

Нова луда асистенција на Јокиќ од кош на кош

Денвер загуби на гостувањето во Портланд во првото коло од НБА Купот со 109:107. Јокиќ промаши шут за реми со звукот на сирената. Историскиот трипл-дабл му избега за една асистенција. Но, повторно блескаше.

Знаете ли некој друг вака да додава во НБА?

Зошто за Јокиќ велат дека игра со мозок? Па уште пред да дојде топката до него, знаеше кај да ја додаде. Забележете го добро како скенираше кој има напред, додека противничкиот играч шутираше тројка. А потоа се знае, рагби пас, во негов стил.

Нов ден, нов трипл-дабл на Јокиќ

Четврти натпревар на Денвер Нагетс сезонава, четврти трипл-дабл учинок на Никола Јокиќ. Ако и на следниот натпревар му успее, ќе биде прв во историјата со 5 од 5.

Трипл-дабл број 3 на Јокиќ, 43 поени на Мареј

Ниту е свесен што прави, ниту знае поинаку. Доминацијата на Никола Јокиќ на стартот од новата сезона вели, три од три трипл-дабли. Само на уште двајца во историјата им успеало.

Втор меч, втор трипл дабл на Јокиќ кој не знае поинаку

Расел Вестбрук, Меџик Џонсон, Џери Лукас и Оскар Робертсон успеале да отворат сезона со трипл дабл на првите два меча. Сега во нивно друштво е и Никола Јокиќ, кој историјата ја запиша со 14 поени, 14 скока и 15 асистенции на мечот против Феникс кој Нагетски го добија со 133-111. 166-ти трипл дабл во кариерата, од кои 69 му се пред да почне последна четвртина.

Како ли да му ги прочита човек овие пасови?

Денвер Нагетс го доби Лос Анџелес Клиперс во загревањата пред НБА стартот со 102-94. Јокиќ одигра 22 минути и го заврши мечот со 12 поени, 9 скока и 6 асистенции. Пак имаше додавање за посебен клип на социјалните мрежи.

Девојчето кое 3 години штедело пари за да ги гледа Денвер и Јокиќ

„Кошарката ми даде сè, но приказни како нејзината ме потсетуваат зошто играме.“

Почна НБА забавата со Јокиќ

Заврши летото, а со тоа и Европското, па кошаркарите се веќе во строј во САД. На 21 октомври стартува сезоната 2025/2026, но за брзо почнуваат предсезонските натпревари. На 5 октомври Денвер Нагетс игра против Минесота. Никола Јокиќ позира за новата фотосесија со новиот колега, Литванецот Јонас Валанчиунас. „Да не сакате да го бацам“, вели Србинот, кој веќе почнува да прави забавен контент за време на медија обврските.

Рагби асистенцијата на Јокиќ уште во 15 секунда

Четвртата селекција која нагази на Србија на ЕП беше Чешка, која немаше никакви шанси. Момците на Пешиќ славеа +22 (82:60), а кошарка немаше веќе по првата четвртина која заврши 27:5. Дури 11 играчи се запишаа на листата на стрелци, а најпрецизен беше Аврамовиќ со 14 поени. Јокиќ одигра само 18 минути во кои оствари учинок од 6 поени, 7 скока и 4 асистенции. Две од нив ФИБА ги издвои на социјалните мрежи.

МВП изданието на Јокиќ против Летонија

Србија стигна до 3 од 3 на Евробаскетот. На третиот натпревар ја совладаа Летонија со 84:80 и скоро пола од поените се на Никола Јокиќ, кој пружи доминантна и рекордна партија со 39 поени, 10 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки. Откако Србите играат на Европско како независна држава од 2007-ма, ова е рекорд на поени. На второ место е повторно Јокиќ со 32 поени против Италија 2022, исто колку што дал и Милош Теодосиќ против Словенија 2009-та.

Време е за европски спектакл со Јокиќ, Дончиќ и Адетокунбо

Кипар, Финска, Летонија и Полска ја имаат честа да го организираат 42. Европско кошаркарско првенство. Ќе учествуваат 28 НБА ѕвезди. Србите се фаворити за златото.