Трипл-дабл на Јокиќ за само три четвртини

На секои два дена Денвер има натпревар, на секои два дена Никола Јокиќ лупа трипл-дабл. Ќе го стигне Вестбрук, од тоа нема бегање.

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа над Мемфис од 122:116, во еден од 14-те натпревари кои се одиграа ноќеска во НБА лигата.

Српскиот центар го забележа својот четврти трипл дабл во низа и вкупно 184-ти во кариерата со 26 поени, 15 скока и 11 асистенции.

Од ноќеска, тој е во топ 100 стрелци во историјата на НБА лигата за што му требаа само 784 натпревари. 

Мареј додаде 22 поени, вклучувајќи ги и четирите слободни фрлања погодени во последните 12 секунди од мечот, кога се решаваше победникот. Тим Хардевеј јуниор учествуваше 21 поен.

Денвер на пауза за Ол-стар викендот оди со 35 победи и 20 порази, што е одличен скор со оглед на големиот проблем со повреди на нивните стартери. 

 

12 февруари 2026 - 08:23