Моментот кога Јокиќ се струполи на земја и едвај одеше до соблекувална

Денвер Нагетс се на маки. Се повреди најдобриот. Првичните прогнози не се добри.

Никола Јокиќ се повреди против Мајами на крајот од првото полувреме и не се врати во игра, а Нагетси го загубија натпреварот со 123:147.

Несреќниот момент се случи откако го згазна соиграчот Спенсер Џонс. Јокиќ падна веднаш на земја, почна да се превиткува од болка, а потоа му помогнаа да стане и да замине во соблекувална.

До тогаш имаше 21 поен, 8 асистенции и 5 скока, бројки кои ветуваа нов трипл-дабл.

Но наместо да се пишува за неговиот трипл-дабл број 181 со кој ќе се израмнеше на второто место на вечната листа со Оскар Робертсон, сега се чека магнетната резонанца по која ќе се знае точната повреда.

За сега се спомнуваат две опции. Првата е хиперекстензија која би била поповолна бидејќи би значела пауза од еден месец. Втората е кинење на лигаментите, односно крај на сезоната. 

30 декември 2025 - 09:26