Таг: никола јокиќ

Јокиќ во улога на скаут

Работата не смее да трпи и мора да се мисли на иднината во својот хиподром.

Класична Јокиќ соло игра

Прво ќе помислиш дека е како недозагреан и недоотрезнет од долгиот летен џумбуз, а после сфаќаш уствари дека ова е он, типичен Никола Јокиќ во игра еден на еден. Во новиот претсезонски меч против Чикаго, овој пат Денвер славеше со 116:102. 15 поени, 9 скока и 5 асистенции за Србинот.

Уште не почната сезоната во НБА, Јокиќ почна со своето шоу

Денвер загуби од Чикаго 133:124 во претсезонските пријателски средби, а Никола Јокиќ го заврши мечот со 17 поени (8/10), 6 скока и 4 асистенции. Во еден момент се претвори во Стефон Кари.

Никола, фати ли топка летово?

По три месечен безпоштедно забавен летен распуст со многу провод и релаксирање со коњите, МВП-то се врати во Денвер за да се спрема за новата НБА сезона која стартува на 24 октомври. Вели дека летово неколку пати фатил баскет, а Мареј и тоа го демантира.

И Јокиќ слави со кошаркарите, гол во диско

Никола Јокиќ се одзва на овој повик за репрезентација, која среброто од Светското го прослави со луда забава. Таму е и господинот со 24 Гренд слем титули.

Одиме со нова кафанска досетка за Јокиќ

Со 250 милионски договор, шампионска титула во НБА и МВП титула, царот оди во кафана со аутфит како за во Елешец пред шатор и плус тоа што останало му го виткаат за дома. Нема пооргинален лик. Уште 10 НБА титули не му го менуваат стилот на живеење, во кој се осеќа најубаво и најкомотно.

Пешиќ: Со Јокиќ ги имав најдобрите разговори што сум ги имал со некој кој откажува настап

Селекцијата на Србија ќе биде ослабена на Мундобаскетот без првата ѕвезда во тимот Никола Јокиќ, потоа Василије Мициќ кој со Анадолу Ефес двапати триумфираше во Евролигата, а летово потпиша за Оклахома сити тандерс, како и без Никола Калиниќ.

Јокиќ конечно го освои најпосакуваниот пехар

МВП-то уште е во Сомбор и уште нема завршено со прослави. Последната која ја објавија српските медиуми е после голем успех кој го забележал со коњите.

Како Никола Јокиќ преку ноќ стана Никола Јок?

Новиот НБА шампион го откажа настапот за репрезентаци на Светското првенство кое старутва за еден месец. „А ти народе станувај во 4 сабајле да го гледаш и навиваш“, гласи еден од коментарите.

Касиерка во Босна му влегла на Јокиќ со врвен муабет

Сегде го има. На ракија во клуб во Лас Вегас, на баскет со другарите во Сомбор, на коњички трки во Неапол и на крај во супермакет во Горажде, град во БиХ. Стигнал на каса со пивото, а касиерката која очигледно нема појма од спорт му рекла вака: „Леле сине колкав си, ти си само за кошарка“.

На пиво со Јокиќ во Неапол

Никола Јокиќ не е непредвидлив само со потезите на терен, туку и кога не игра кошарка. Човеков изгледа скроз не го интересираат мориња, јахти и ред други луксузи каде богатите спортисти обично се опуштаат после напорната сезона. Еден ден игра баскет во Сомбор со другарите од маало, друг ден го начекуваат на хиподром во Италија.

Најдоброто од сезоната на Никола Јокиќ

Имаме 25 минутна кошаркарска поезија која Денвер Нагетс ја спакува во еден клип кој го изгледавме во еден здив. Точен, прецизен, непредвидлив, интелигентен, несебичен, рационален, моќен, самоуверен. Џокер е уникатен лик каков што немала НБА до сега. Владее со баскетот.

Јокиќ и Гордон со ракија во диско во Лас Вегас

Заслужениот одмор на НБА шампионот и МВП-то, од Сомбор продолжува во САД, каде со Арон Гордон и останато друштво се забавуваат во Лас Вегас со ракија.

Клучниот момент по кој Јокиќ стана број 1 во свет

Заборавете на сите приказни поврзани околу Никола Јокиќ и неговиот прогрес во кариерата. Го имаме најдоброто објаснување за патот на буцкото од Сомбор до САД. Браво, убав лик. А малиот пак едвај го издржа ова снимање.

„Сака некој на баскет?“, 12 години подоцна

Двократниот МВП на сезоната во НБА и МВП во годинашниот плејоф, како и шампион со Денвер, не е на Бали или Малдини, туку одмара во родниот Сомбор каде ги собрал на баскет другарчињата од маало. Мангупиште.

Оди најди појак имитатор на Јокиќ да те видам

Прво дечково е комедии, второ е страшно талентиран за имитирање, а очигледно е и популарен со оглед на фино развиените социјални мрежи каде ќе го најдете како Maxisnicee. Абе дали е свесен колку го кине? Секој потег му го вади и целосно му го доловува оној уникатен стил кој го нема друг играч во НБА. Па тоа тромавите покрети па. Абе денот ни го направи.

Цела Америка му се поклонува, а него не му чуе за рекордите

При Џордан, Леброн, Коби, Шек, Меџик и цела плејада на легенди, доаѓа едно скромно момче од Сомбор кое до вчера бараше другари за баскет преку Фејсбук и станува прв кошаркар во историјата  со 30+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции на меч од НБА финале. „Не ми е гајле, тоа е само статистика“, вели после мечот. Џабе го прашуваат на темава.

Како изгледал скаутингот за Јокиќ кога бил избран во НБА?

Проценките се ужасно лоши, посебно ако се земе предвид што им прави на Американците изминативе три сезони. Го опишале како просечен спортист.

Забавната страна на НБА финалистот Никола

Кевин Дурант за него изјави дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет, а Леброн го нарече ѕвер и рече дека е посебен. А тоа е едно така едноставно и скромно момче, што сака да јава коњи и да се забавува под кошевите. 

Совршено несовршениот шут на Џокер

Бошко Караџа, одличен познавач на НБА лигата, кој беше дел од Јутјуб подкастот „Стречерси“, преполн со анализи за американската кошарка, има да ви каже неколку поенти за чудото од Сомбор. Посебно за начинот на кој Јокиќ ја постигна една од тројките против Лејкерси на четвртиот и последен меч од финалето на Западот.

Скромноста на Јокиќ кога го прашаа за Ѓоковиќ

Со оглед на тоа што и на двете големи ѕвезди и сонародници им престои можност за освојување на големи пехари, Јокиќ во НБА финалето, а Ѓоковиќ на Ролан Гарос, Џокер доби прашање дали ќе се слушнат со Новак. Одговори прескромно.

Што е со тројкиве на Јокиќ?

Не се чува овој човек. Кога мислиш дека на тој габарит кој делува тромаво треба да му најдеш чаре во рекетот, тој ќе те изненади со нешто друго или скроз трето. Погледнете му овие две тројки. Каква е оваа храброст и дрскост? Ги шутира како за добро утро. Неверојатен лик за кој Кевин Дурант отворено кажа дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет.