Јокиќ против Јовиќ: 33 поени, 15 скока и 16 асистенции

Денвер Нагетс го совлада Мајами Хит со 122:112, благодарение на уште еден доминантен настап на Никола Јокиќ, кој повторно растури. Петти трипл-дабл сезонава, 71-ви во кариеарата остварен во првите три четвртини.

Ако Денвер сака некого да го малтретира, тоа е Мајами. Од финалето во 2023 година, кога ги победија со 4-1 и ја освоија првата шампионска титула, ги добиваат 9 пати по ред. Ако ја броиме само регуларната сезона, Мајами не го победил Денвер од август 2020 година.

Никола Јокиќ доминираше против својот редовен противник над кој бележи трипл-дабл по седми пат, а ова му е петти сезонава (остатокот од НБА лигата има пет заедно) со 33 поени (10/13 за два, 2/5 за три и 7/8 слободни фрлања), 15 скока, 16 асистенции и три украдени топки за 36 минути на теренот. 

По четири последователни трипл-дабл учиноци на почетокот на сезоната, одигра два натпревари без двоцифрен број во три статистички категории, но ноќеска повторно се врати на старо и тоа во дуелот со српскиот соиграч Никола Јовиќ. 

Од 1980 година, Јокиќ има осум натпревари со 30/15/15, додека сите други играчи во последните 45 години имаат вкупно седум такви натпревари.

Од другите играчи, Арон Гордон додаде 24 поени, Тим Хардавеј Џуниор постигна 18 поени, од кои четири тројки.

Кај Мајами се истакнаа Норман Пауел со 23 поени, Ендру Вигинс со 22 а Хаиме Жакес Џуниор постигна 21 поен.

Никола Јовиќ за 20 минути запиша 5 поени, 3 скока, 3 асистенции,

Денвер го подобри скорот на 5–2 во сезоната, додека Мајами падна на 4–4.

6 ноември 2025 - 08:00