
Три години, едно младо девојче неуморно работела за да си го оствари сонот кој изгледал недостижен.
Собирала конзерви, печела и продавала колачиња и го штедела секој денар, со една цел, а тоа е да ги гледа своите сакани Денвер Нагетс во живо.
И покрај нејзината решителност и пожртвуваност, трошоците за присуство на НБА натпревар се покажале многу поголеми од она што таа можела да го заштеди.
Но нејзината приказна брзо се проширила и стигнала до ушите на Никола Јокиќ.
Кога Србинот дознал за нејзината посветеност и емотивното патување што го поминала, не дозволил сонот да и остане неостварен.
Познат по својата скромност и љубезност надвор од теренот, Јокиќ го сфатил прашањето лично. Наместо едноставно да ѝ подари билет, тој организирал нешто многу поголемо.
Вечерта на натпреварот, младата навивачка била придружувана во Бол Арената како специјален гостин на Никола Јокиќ. Таа не само што не добила седишта во прв ред, туку била поканета и на теренот пред почетокот, каде што Јокиќ топло ја поздравил со прегратка.
Да е само тоа. Јокиќ соопштил дека купил пакет за доживотна сезонска карта за неа, за да се осигура дека никогаш повеќе нема да мора да се грижи дали ќе си дозволи да го гледа својот омилен тим.
Публиката го поздравила гестот со аплауз и скандирање на името на Јокиќ, а девојката се расплакала од возбуда.
„Кошарката ми даде сè, но приказни како нејзината ме потсетуваат зошто играме. Овој спорт е за радост, за зближување на луѓето. Ако некој покаже толку многу љубов и труд за нашиот тим, најмалку што можам да направам е да му возвратам со љубов.“
Извонредниот гест на Никола Јокиќ ќе се памети не само како голем и емотивен момент во историјата на Денвер Нагетс, туку и како доказ за моќта на спортот да инспирира, воздигнува и менува животи засекогаш.