Нова луда асистенција на Јокиќ од кош на кош

Денвер загуби на гостувањето во Портланд во првото коло од НБА Купот со 109:107. Јокиќ промаши шут за реми со звукот на сирената. Историскиот трипл-дабл му избега за една асистенција. Но, повторно блескаше.

Србинот ја почна новата НБА сезона со четири трипл-дабл учиноци, а синоќа му недостигаше само една асистенција за да стане првиот во историјата со пет трипл-дабл меча на почетокот од сезоната. Натпреварот го заврши со 21 поен, 14 скока и 9 асистенции. Уживајте во неговите најдобри потези. 

1 ноември 2025 - 08:48