Ако не е трипл, тогаш е јак дабл-дабл на Јокиќ

По триумфот над Индијана, Денвер запиша нова победа и стигна до скор од 7-2 сезонава. Јокиќ доби голема помош, ама и не знаеше да промаши.

Денвер Нагетс го доби Сакраменто Кингс со 122:108 со што стигна до петта победа по ред во меѓусебните дуели.

Јокиќ не успеа да го оствари својот седми трипл-дабл сезоната, но беше повторно на свое ниво, кое беше драстично над другите.

Постигна 35 поени, а имаше 15 скока и 7 асистенции со 84,2% шут од поле. Промаши само три пати од 19 удари.

Уште петмина играчи на Денвер имаа двоцифрен број на поени.

Мареј го заврши натпреварот со 23 поени, Гордон имаше 17, Брус Браун 14, Кристијан Браун 12 и Валанчиунас 10.

Јубенкс беше најефикасниот играч за Сакраменто со 19 поени, исто колку што имаше и Домантас Сабонис. Расел Вестбрук запиша 14 поени со 8 скока и 11 асистенции.

12 ноември 2025 - 08:03