Втор меч, втор трипл дабл на Јокиќ кој не знае поинаку

Расел Вестбрук, Меџик Џонсон, Џери Лукас и Оскар Робертсон успеале да отворат сезона со трипл дабл на првите два меча. Сега во нивно друштво е и Никола Јокиќ, кој историјата ја запиша со 14 поени, 14 скока и 15 асистенции на мечот против Феникс кој Нагетски го добија со 133-111. 166-ти трипл дабл во кариерата, од кои 69 му се пред да почне последна четвртина.

26 октомври 2025 - 08:48