Нов ден, нов трипл-дабл на Јокиќ

Четврти натпревар на Денвер Нагетс сезонава, четврти трипл-дабл учинок на Никола Јокиќ. Ако и на следниот натпревар му успее, ќе биде прв во историјата со 5 од 5.

Нагетси славеа убедливо против Њу Орлеанс со 34 поени разлика (122:88), а на Јокиќ му беа доволни само 28 минути за да стигне до нов трипл-дабл.

Не ни влезе во игра во последната четвртина, а мечот го заврши со 21 поен, 12 скока, 10 асистениции, 1 украдена топка и 1 блокада. 

Само уште двајца играчи успеале да запишат трипл-дабл на стартните четири НБА натпревари. Тоа се Оскар Робертсон (61/62) и Расел Вестбрук (20/21).

Ако на следниот меч против Портланд, стигне до петти трипл дабл по ред, ќе биде прв во историјата. 

30 октомври 2025 - 08:47