Додека да се разбуди човек, Јокиќ пак направил трипл-дабл

Никола Јокиќ оствари трипл-дабл во трет натпревар по ред. На Оскар Робертсон му избега со два повеќе и сега прашање на време е кога ќе го стигне и Расел Вестбрук на првата позиција. 

Со 22 поени, 14 скока и 11 асистенции, Јокиќ го запиша 183-от трипл-дабл во кариерата, само две ноќи откако го помина Оскар Робертсон и се искачи на второто место на вечната НБА листа.

Расел Вестбрук е прв со 207 трипл-даблови, но е ветеран со 37 години, како и шест години постар од Србинот и е многу извесно дека ќе му ја преземе лидерската позиција.

Но сепак Денвер не успеа да го совлада Кливленд и загуби со 119:117 во драматична завршница откако Јокиќ промаши тројка за победа со звукот на сирената.

Најдобар на паркетот беше Донован Мичел, кој постигна 32 поени, вклучувајќи две слободни фрлања на 0,9 секунди до крајот, откако Џејмс Харден претходно погоди тројка на 32 секунди до крајот за 117:117. 

 
10 февруари 2026 - 09:13