Јокиќ ја завршува сезоната 2025/2026 со трипл-дабл во просек

Без разлика на својот личен учинок на последните пет средби од регуларниот дел од сезоната, Никола Јокиќ веќе има трипл-дабл во просек и тоа втора сезона по ред. Ваков подвиг има само уште еден играч во НБА историјата, а тоа е Расел Вестбрук.

Денвер славеше на гостувањето кај Јута со 130:117, во меч на кој блескаа Џемал Мареј и Никола Јокиќ, за седма победа по ред на Нагетси.

Јокиќ за 33 минути игра мечот го заврши со 15 поени, 17 скока и 12 асистенции за петти трипл-дабл на последните шест натпревари.

Мареј растури со 37 поени од кои дури 10 тројки. Во последната четвртина погоди од половина терен. Имаше и 5 скока и 5 асистенции. 

2 април 2026 - 09:11