Таг: дејли шоу

Џон Стујарт се враќа дома

Нов водител и извршен продуцент на водечкото шоу на Комеди централ ќе биде човекот што го прослави и го претвори Дејли шоу во бренд и најпопуларниот водител на шоуто - Џон Стујарт.

Дејли шоу, генерација "Џорџ Буш"

Стивен Колбер во емисија ги собра колегите и шефот од едно поубаво време, кога се расправаа со Џорџ Буш, неговите бушалашитини и војната во Ирак. Повод, чисто да се видат и малку да здивнат од сегашноста.

Како Џон Стујарт ја презема и ја револуционизираше ноќната програма

Кога доаѓа на Дејли шоу во 1999, Стујарт наследува шоу со скромен успех на кабелска телевизија - и персонал што инсистира тој да не им го менува шоуто. Во 2015 заминува како една од американските телевизиски икони.

Проклетството да го добиеш тоа што ќе го побараш

Или по ново кажано: Спиеш ли мирно Џоне Оливере? Снимката е од летото 2013, кога Оливер го менуваше Стујарт како водител на Дејли Шоу.

Зошто Стујарт беше подобар водител на Дејли Шоу од Ноа

Критиката за Ноа започнува со споредба на неговиот сегмент за Берни Сандерс, од пред некоја недела кога бушавиот конгресмен е еден од главните кандидати меѓу Демократите, и сегментот што Стујарт го прави минатиот мај, кога Сандерс е анонимус чудак меѓу кандидатите на Демократите. Оценката на Вила Паскин од Слејт е дека Ноа е "потемкинов Џон Стујарт."

Дејли Шоу рецензија на 2015-та

Главните вестите годинава беа масовно убиство, масовно убиство, масовно убиство, дали фустанот е син или бел, масовно убиство, геј права, геј не права, нов водител на Дејли шоу, масовно убиство, Ѕвездени војни.

Џон Стујарт се врати во Дејли Шоу (на кратко)

Американскиот конгрес под притисок од јавноста пред 5 години одобрува финасирање за еден многу човечки проект (помош во лечењето на луѓето кои први пристигнаа да помогнат кај кулите близначки), што беше поздравено, и од двете страни промовирано како нивен успех и сериозно остварување на законодавците. Во септември завршија овие 5 години финансирање, но не и лечењето на луѓето (имаат рак), а конгресот одби какво било продолжување на проектот. Џон Стујарт пред 5 години беше еден од предводниците на иницијативата за овој проект.

Првиот ден на работа на Тревор Ноа

Откако Џон Стујарт стана кечер, некој мораше да седне и да ја продолжи неговата работа на Дејли шоу. Ова се првите видеа од премиерата на Ноа како водител на шоуто.

Понизното збогум на Џон Стујарт

По 17 години како ѕвезда, Џон Стујарт даде се' од себе за неговата последна вечер на Дејли Шоу да биде за било кој друг само не за него - и речиси успеа, пишува Дејвид Симс во испраќањето на Стујарт.

Сите кариери што почнаа на Дејли Шоу

Како што доаѓа крајот на владеењето на Џон Стујарт, така се редат и сите подвизи на шоуто. Бројот на ѕвезди што ги има лансирано шоуто е едно од најважните одликувања што може да ги има.

Го викале Елоквентнио

Збирка од моменти во кои Џон Стујарт го покажува врвот на својата речитост, собрани од целиот негов мандат за време на владеење со Дејли шоу.

Џон Стујарт си заминува од Дејли Шоу

Не знае кога (во текот на годинава) и не знае кој ќе го замени, ама Џон Стујарт објави дека ќе повлече од Дејли шоу, и ќе работи нешто друго. И тоа не се знае што ќе биде.

Зошто никогаш нема да победиш на Дејли Шоу (и општо на ТВ)

Причината зошто никој никогаш не го "тепал" Џон Стујарт или Бил О'Рајли (или Васко Ефтов) на телевизија, е иста како и причината зошто никогаш не си видел видео како обичен човек го претепува Ивандер Холифилд: луѓето се добри во тоа што го работат.

Приказната на Џон Стујарт

Џонатан Стујарт Лебовиц, расте во Њу Џерси и цела младост се бори да најде стенд-ап тезги низ клубовите на Њујорк и на телевизија. Во 1993-та, на 31 година го стартува The Jon Stewart Show на ЕмТиВи. Од таму почнува сè.

Вести од светот на кратко

Прво сликата што најдобро го опишува целиот судир меѓу Израел и Хамас, а потоа рецензија на две недели вести од Џон Стујарт. Заклучок: Излуде ли светов?

Грант најмалку посакуван гостин на Џон Стујарт

Ако има еден гостин што Џон Стујарт нема намера повторно да го види во своето шоу, тоа е - Хју Грант. Истото генерално важи и за Комеди Централ.