Образложувајќи ја разликата преку клиповите за Сандерс, Паскин објаснува дека клипот на Ноа, содржински комичен и забавен, ја раскажува приказната на Сандерс, притоа задржувајќи се на тоа како Сандерс и Трамп поинаку ја изговараат буквата "h" и конкретно зборот "huge".
"Сегментот е најпрецизен опис за Дејли Шоу на Тревор Ноа: нешто што наликува на Дејли Шоу, нешто на се криви и намигнува како Дејли шоу, меѓутоа нешто кое има само разводнет став," пишува Паскин.
Наспроти него, сегментот на Стујарт започнува со тоа дека Сандерс изгледа како "дете на Салвадор Дали и др. Сјус, што го одгледале шизофренични мајмуни". По ова следува клип во кој Сандерс ги кажува своите позиции околу прашања како еднаквост на жените, реформи на финансирањето на кампањите, проширена социјална заштита, на што Стујарт коментира "каков рационален, малку лево од центарот меинстрим политичар. Не е дека Берни е излуден кандидат, туку сите ние сме станати толку навикнати на кандидати склопени според фокус групи што секоја автентичност ја сметаме за излуденост."
Паскин објаснува дека кога се снима сегментот на Стујарт во мај, Сандерс и Трамп само што ги обазнуваат своите кандидатури, и тој сепак успева да ја најде врската меѓу Сандерс и Трамп, и далековидо да ја погоди нивната допадливост пред избирачите: тој што лудак за еден гласач е човекот што ја кажува вистината за друг.
За споредба, анализата на Ноа на двајцата кандидати, шест месеци подоцна се сведе на нивната посветеност на тивкото "h".
"Тревор Ноа е во водителското столче веќе четири месеци, и неговото шоу веќе се смести во рутина. Ако се вклучиш во која било епизода, ќе најдеш нешто познато, нешто доволно добро за да се поднасмееш, ама никогаш за да се држиш за стомак од смеење, а не па да ти дојде некое откритие. Ноа тешко дека може да биде пошармантен од ова; комотен е пред камерите, и дарежлив со насмевките...
... Ама ако го гледаш Дејли Шоу вечер за вечер, добиваш чувство дека луѓето што ги пишуваат текстовите се имаат адаптирано за поинаков вид на водител - потемкинов Џон Стујарт, некој што е галантен и интересен, кој привлекува нови гледачи, наместо автентичниот политички сатиричар кој им се обраќа на добро информираните...
... Како што се повеќе се приближуваме на претседателски избори тотално различни од кои било досегашни избори, трка речиси створена за Дејли Шоу, постои Дејли шоу дупка во културата и покрај тоа што една нејзина не толку квалитетна варијанта се емитува речиси секоја вечер. Меѓу авторитарноста на Круз, тежнеењето на Хилари да изгледа како човек, и расистичката екстраваганза на Трамп, американската политика никогаш немала поголема потреба од гневната логика на Дејли шоу. Меѓутоа Ноа ги избегнува проблематичните прашања како да се бомби кои можат да бидат демонтирани со шарм. Тој е тука да неутрализира, не да поттикне," пишува Паскин.