Таг: тревор ноа

Нејт Силвер се пере пред народ

За тие што не го знаат, Нејт Силвер е страшно добар статистичар, кој спектакуларно многу утна годинава на претседателските избори, и ова не му е прв пат. Неговата одбрана е "јас ги земам бројките од анкетите, не ги правам анкетите". Прашањето од Ноа е, па што земаш глупи бројки.

Зошто Стујарт беше подобар водител на Дејли Шоу од Ноа

Критиката за Ноа започнува со споредба на неговиот сегмент за Берни Сандерс, од пред некоја недела кога бушавиот конгресмен е еден од главните кандидати меѓу Демократите, и сегментот што Стујарт го прави минатиот мај, кога Сандерс е анонимус чудак меѓу кандидатите на Демократите. Оценката на Вила Паскин од Слејт е дека Ноа е "потемкинов Џон Стујарт."

Првиот ден на работа на Тревор Ноа

Откако Џон Стујарт стана кечер, некој мораше да седне и да ја продолжи неговата работа на Дејли шоу. Ова се првите видеа од премиерата на Ноа како водител на шоуто.

Одбраната од навредените

Откако беше најавен како наследник на Џон Стујарт, некому му текна да ги отвори неговите стари твитови, истите да ги извади од контекст и него да го претстават како најголемото ѓубре што шета на Земјата. Меѓу луѓето што се од кај Ноа, е и комичарот Патон Освалд. Неговата реакција е во над 50 твитови.

Тревор Ноа, човекот кој ќе го замени Џон Стујарт

Има 31 година, и кон крајот на годинава кога Стујарт ќе реши дека е доста, станува новиот водител на Дејли Шоу. Ноа е роден во Јужна Африка, работи како стенд-ап комичар, и имаше неколку настапи како дописник на Дејли Шоу.