Одбраната од навредените

Откако беше најавен како наследник на Џон Стујарт, некому му текна да ги отвори неговите стари твитови, истите да ги извади од контекст и него да го претстават како најголемото ѓубре што шета на Земјата. Меѓу луѓето што се од кај Ноа, е и комичарот Патон Освалд. Неговата реакција е во над 50 твитови.

Еве што пиша Освалд на Твитер:

1/52 Прашање: зошто човекот* фрли* путер* од прозорецот*? Одговор: Сакал да види* путерот во лет*! (оригиналот е "He wanted to see* butter fly*!" Фората е во "butter fly" што треба да асоцира на "Butterfly")

2/52 "Човекот" во мојот претходен твит не треба да се сфати како привилегиран, шовинист или анти-трансексуалец.

3/52 Ниту пак треба да има КАКВА БИЛО претпоставка за расата или религијата на споменатиот човек. Може да биде афро-американец, или азијат или кој било

4/52 од пространиот мулти-културен мозаик што го составува светот во кој денес живееме. "Човек" едноставно беше архаичен термин за пополнување на

5/52 "предметот" на шегата и не треба да укажува на привилегија ниту да исклучува сексуалност, религија, националност или да навредува какви

6/52 било чувства што човекот кој ја слуша шегата ги има или не, или ги има доживеано во минатото. Дополнително, акцијата на "фрлање"

7/52 НЕ е со цел да имплицира ексклузија на некој што е поинаку способен, или некој кој може некогаш се чувствувал отфрлен

8/52 или некогаш се чувствувал отфрлен.

9/52 А изборот на "путер" како предмет кој е фрлен на НИКОЈ НАЧИН не е навреда кон оние со стриктна лакто-вегетаријанска диета или

10/52 КОЈ БИЛО што може да е нетолерантен на лактоза, кој може да ЗНАЕ некој што е нетолерантен на лактоза (или знае некој што е веган) или

11/52 може да сретне некого од овие две убедувања во блиска иднина. Исто така, "путер" не значи дека раскажувачот на шегата не ги согледува

12/52 или е нечувствителен кон злоупотребите на сегашното фабричко-фармерство на млекарската индустрија вклучувајќи запоставување на животни или додавањето на

13/52 хормони, пестициди и останати контаминанти. ВЕ МОЛАМ прифатете го ова предвремено извинување ако "путер" било тригер

14/52 што некогаш во минатото слушателот на шегата бил наречен "butter face" или знае некој што бил навреден на

15/52 ваков начин. Естетското посрамување е реално и застрашувањето не' повредува сите нас.

16/52 Исто така, привилегија. Што друго? А да...

17/52 "Од прозор" НЕ БЕШЕ замислено како каква било навреда за бездомната популација, затоа што фразата "од прозор"

18/52 може ЛЕСНО да го замисли фрлачот на путер во куќа која фрлачот на путер ја поседува.

19/52 Потенцијалот на "од прозор" не треба да се потцени.

20/52 Исто како и актот на ФРЛАЊЕ храна, кој може да се протолкува како насилен, корпоративен-центричен статусен маневар.

21/52 Привилегија.

22/52 Привилегија.

23/52 Привилегија?

24/52 ПРИВИЛЕГИЈА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

25/52 Заменката "тој" во вториот дел од текстот НЕ ТРЕБА да биде сфатен

26/52 како патријархална претпоставка.

27/52 Од 28-от до 36-от дел ќе биде само зборот "проблематичен" за ваша употреба во кое било друго толкување на заменката "тој"

28/52 Проблематично.

29/52 Проблематично.

30/52 Проблематично.

31/52 Проблематично.

32/52 Проблематично.

33/52 Проблематично.

34/52 Проблематично.

35/52 Проблематично.

36/52 Проблематично.

37/52 "Гледа" како што ние сите знаме е МНОГУ ПОТЕНЦИЈАЛЕН ТРИГЕР за секое слепо или лице со оштетен вид кое ќе ја чуе шегата31/52 И, повторно, предвременото извинување е понизно понудено.

38/52 А фактот дека Твитер НЕ нуди браилова верзија на својата вебстрана е дел од многу поголем проблем

39/52 кој шегата НА АПСОЛУТНО НИТУ ЕДЕН НАЧИН не го релативизира.

40/52 На крај, фактот дека човекот сака да го види путерот како "лета"

41/52 имплицира лекомислено однесување во однос на менталните болести или недостаток на апстрактно

42/52 или симболично/емпатична мисла на субјектите кои НЕ беа цел на шегата

43/52 или на раскажувачот на шегата. Меѓутоа контекстот, како што знаеме, не е важен. Само индивидуалните зборови и чувства се важни како и секогаш, па

44/52 од сега, без разлика каква е намерата, целта или сатиричната содржина

45/52 на СЕКОГО му се нуди најдлабоко извинување

46/52 СЕКАДЕ

47/52 за КОЈА БИЛО ПРИЧИНА

48/52 заради која си нашол навреда во претходната шега.

49/52 Шегите секогаш треба да бидат забавни. НА СЕКОЈ МОЖЕН ЧОВЕК ШТО ЌЕ ГИ ЧУЕ.

50/52 Едноставна серија на разјаснувачки пост-шега твитови како овие што јас ги објавив на СЕКОГО ќе му осигури нежна и комфорна насмевка.

51/52 Добредојде во комедијата во 2015, @Trevornoah!

52/52 Исто така, "come" делот од "welcome" не треба да се сфати во "педерска" смисла.

целата колекција во оригинал тука

 

3 април 2015 - 16:30