Нов водител и извршен продуцент на водечкото шоу на Комеди централ ќе биде човекот што го прослави и го претвори Дејли шоу во бренд и најпопуларниот водител на шоуто - Џон Стујарт.
Заради нешто што модерно коректно се нарекува „креативни разлики и загриженост околу конкретните теми“, а по старо се викаше само „цензура“, Епл ТВ одлучи да го прекине шоуто на Џон Стујарт и целосната соработка со него.
Џон Стујарт достигнува сосема нови нивоа на пристојност обидувајќи се да не се лизне на провокациите на соговорничката и разговорот да почне да го тера на нејзино ниво, како би се завршил со нејзина увреденост дека ете со Стујарт не може смирено да се разговара. Тој има две прашања наједноставни за одговарање, под услов да не си кабает.
Најголемите американски медиуми ревизирани не според идеологијата, туку според содржината на вестите, третманот на информацијата и односот кон публиката што одбрала нив да ги гледа. Нивната борба е на секој начин да го привлечат вашето внимание и да го задржат цело време, и во таа борба не се бира како. Затоа таков е исходот.
Магазинот вади дел од подкаст од пред еден месец во кој Џон Стујарт маалски со колеги зборува за Хари Потер, и тоа го пакува под насловот „Џон Стујарт ја обвинува Џ.К. Роулинг за анти-семитизам“. Стујарт реагира на ова со порака до Њузвик: „гзот да ми го јадете.“
Државата која тргна во војни преку пола планета заради двете урнати кули во Њујорк и потроши неброени пари и луѓе на овие војни, и понатаму одбива да го плати лекувањето на полицијата, пожарникарите и лекарите што на 11-ти септември 2001 први се одзваа да им помогнат на повредените во Светскиот трговски центар.
Сè она што Џон Стујарт го исмеваше околу 24-часовните новински телевизии, денес важи за сатиричните / комични вести на неговите ученици и наследници. Критиката на Стујарт во тоа време е дека 24-часовните новински мрежи „создаваат драма и лажно чувство на алармантност“ за да го оправдаат своето постоење, и се крајно идеолошки насочени (нешто што во тоа време, најмногу се однесуваше на Фокс њуз).
Дел од екипата: Jon Stewart, Adam Sandler, Ben Stiller. Chris Rock, Howie Mandel. J.J. Abrams, John Mulaney, John Oliver, Olivia Munn, Rob Corddry, Robert De Niro, Stephen Colbert, Will Forte.
Стивен Колбер во емисија ги собра колегите и шефот од едно поубаво време, кога се расправаа со Џорџ Буш, неговите бушалашитини и војната во Ирак. Повод, чисто да се видат и малку да здивнат од сегашноста.
Не додржувајќи во цивилен живот, во понеделникот Џон Стујарт пак се појави кај Колбер во емисија, втор пат откако Трамп е претседател. Тема пак му беше Трамп, за потоа да сврти на медиумите што го покриваат Трамп.
Кога Џон Стујарт се расправаше со Трамп, актуелниот претседател се уште беше само ТВ кловн со многу пари. Сега кога првиот се пензионираше, а вториот го почна својот последен професионален ангажман. Ама не се додржува во пензија.
Се потенка и порозна станува границата меѓу информациите објавени од меинстрим медиумите и лажните вести, порача Стујарт на конференцијата организирана од Њујорк Тајмс.
Кога доаѓа на Дејли шоу во 1999, Стујарт наследува шоу со скромен успех на кабелска телевизија - и персонал што инсистира тој да не им го менува шоуто. Во 2015 заминува како една од американските телевизиски икони.
Ми недостасуваа нашите заеднички вечери на софата, да ми збориш за најновото зло што се случило или за некоја глупост или резил на Фокс њуз или Републиканците.
Во длабочините на американската прерија Колбер успеа да го пронајде некогашниот водител на Дејли шоу, за да му ја соопшти информацијата околу тоа кој е републикански кандидат за претседател.
Последното нешто што Стујарт го има кажано за Трамп беше дека кога тој би станал претседател, воопшто не би размислувал да се врати на телевизија, туку би размислил да се качи на ракета и да замине на друга планета "бидејќи оваа очигледно излудела." Пред евентуалното пакување, Стујарт вчера имаше уште нешто да дополни.
Пензионираниот водител најверојатно ќе се врати службено на телевизија таман околу ноемвриските претседателски избори во САД, ако го прашуваш првиот човек на ХБО.
Критиката за Ноа започнува со споредба на неговиот сегмент за Берни Сандерс, од пред некоја недела кога бушавиот конгресмен е еден од главните кандидати меѓу Демократите, и сегментот што Стујарт го прави минатиот мај, кога Сандерс е анонимус чудак меѓу кандидатите на Демократите. Оценката на Вила Паскин од Слејт е дека Ноа е "потемкинов Џон Стујарт."