Драг Џон,
Не можам да ти кажам колку е добро што пак те видов во четвртокот вечерта, посебно по четири дена од Најужасната забава на светот. Откако се справив со сите тие ужасни луѓе и нивните ужасни, гневни пораки, да налетам на мојот бивши ТВ дечко со кој бев 20 години, ми дојде како чудо.
Ми се свиѓа и брадата. Секси е, плус ти дава одредена тежина. Слушнав дека си почнал да згришуваш малтретирани и напуштени животни, што е одлично Џон... уште тоа ми требаше, уште една причина да сум заљубен во тебе. Фала ти и за тоа. Згора на ова е твојата работа со луѓето кои први помогнаа на 11-ти септември... ти си ми единствената ТВ симпатија што некогаш сум ја размислувал за брак.
И четвртокот вечерта, Боже, колку беше добро пак да те видам, па дури и на неколку украдени минути. Одма влеговме во стариот ритам, нели? Па кај беше до сега?! Годинава беше кланица без тебе, непоправлива парада на ужаси.
Толку многу ми недостасуваа нашите заеднички вечери на софата, да ми збориш за најновото зло што се случило или за некоја глупост или резил на Фокс њуз или Републиканците, правејќи ги сите оние гримаси, некако наоѓајќи смисла во сето тоа а згора на сè да биде смешно.
Морам да признаам дека Тревор не го гледам толку многу. Он е перфектно фин дечко, шармантен и убав, и мислам дека тоа некако е проблем. Тој е перфектно фин дечко.
Зад хуморот, смеењето, фаците, секогаш можев да го почувствувам одблесокот од твојот како скалпел прецизен хумор. Тоа е една од работите што правеше да сум задоволен секогаш кога сум со тебе. Јасно ти е што зборам. Ти не си само мојот смешен дечко од телевизија, ти си правдољубивиот воин облечен како дворски шут - кловн со нож во заби.
Искрено, откако си замина, некако не ми одеше да се дружам ни со Стивен Колбер. Ова ме растажува и ме потсетува како беше порано.
Единствениот човек кој деновиве успева да направи да се чувствувам како што ти правеше е Саманта Би. Закон е. Ја виде ли нејзината репортажа за Мајк Пенс? Смртоносна.
Кај политичката сатира никогаш не е доволно само да си смешен. Тревор е смешен, ама му треба повеќе од тоа. Треба во него да видам одек од гневот што јас го чувствувам. Ужасни работи се случуваат. Знам дека ти е јасно затоа што во очи ти гледам дека чувствуваме исти работи.
Се надевам дека си среќен со твојот нов живот. Од чисто себични причини, ми фали тоа што го имавме, ама очигледно јас не можам да полагам право на тебе и не можам да те натерам да останете. Секогаш ќе ми недостигаш. Без разлика кого сакам, секогаш ќе има голем дел од моето срце кое останува посветен на тебе.
Претпоставувам, како што вели Адел: "I had hoped you'd see my face and that you'd be reminded/That for me it isn't over/Never mind, I'll find someone like you/I wish nothing but the best for you, too."
Биди добар. И немој пак толку долго да те нема.
Неколку минути на Стујарт кај Колбер, за кои зборува Дејвид се тука