Како Џон Стујарт ја презема и ја револуционизираше ноќната програма

Кога доаѓа на Дејли шоу во 1999, Стујарт наследува шоу со скромен успех на кабелска телевизија - и персонал што инсистира тој да не им го менува шоуто. Во 2015 заминува како една од американските телевизиски икони.

Џон Стујарт во книгата, The Daily Show (The Book):

Кога почнав моите најлуди соништа за Дејли шоу беа "ова ќе биде забавно. Се надевам дека добро ќе пројде." За мене успех ќе беше и да се чувствувам како да знам што се случува. Да можам да ги изразам работите што сакав даги кажам. Никогаш не ни размислував "сакам да бидам темел на културата... ама само за мал дел од Америка." И се надевав дека овој пат ќе останам на телевизија повеќе од девет месеци.


Дејли шоу имаше премиера на Комеди централ на 22 јули 1996, во 23:30. Форматот лабаво ги следеше традиционалните вести: отворање со сегмент од околу пет минути наречен "Наслови", што го чита поранешниот водител на ЕСПН Крег Килборн, по што следуваа "Останатите вести", па потоа одеше репортажа од терен со дописник, и завршуваше со интервју на Килборн со глумец или музичар.

Дел од сегментите понекогаш ги обработуваа вистинските вести на денот, како претседателската трка меѓу Боб Дол и Бил Клинтон.

"Но имаше повеќе поп-култура и живот и стил компонента само затоа што она што го сатиризиравме - посебно локалните вести - најчесто ги обработуваа тие теми. Ние повеќе ги исмејувавме правилата по кои се прават вестите. На пример начинот на кој зборуваат тв водителите, или како да создадеш драма во сторија во која таа не постои," објаснува ко-креаторката на шоуто Лиз Винстед.

Секојдневниот креативен процес во првите неколку години од Дејли шоу се фокусира околу колешката на Вистед и ко-креаторка Маделин Смитберг, и авторите.

"На мојот прв ден на работа, морав да ги довлечкам авторите кај мене во канцеларија и да им посочам 'Момци, не може веќе дилерот да ви доаѓа во канцеларија,'" објаснува Смитберг.

Килборн го смислува концептот на "Пет прашања" за интервјуа со гостите, меѓутоа освен тоа во најголем дел чита сценарио.

Во ноември 1996, директорите на Комеди централ го селат Дејли шоу во 23 часот, за да го заменат Политички некоректно на Бил Маер, кој се заминува на Ејбиси, а во исто време и за да се борат со локалните ноќни вести.

Пикот на вечерниот просек на Дејли шоу на Килборн е околу 357.000 гледачи, меѓутоа неговата публика постојано расте, а шоуто почнува да го добива потребното внимание од критичарите. Веројатно поважното внимание е фактот дека тие стигаат до помладата машка публика која претседателот на Комеди централ, Даг Херцог, сака да ја освои. Комбинацијата го привлекува вниманието на Сибиес, и во 1998 тие му нудат на Килборн термин по Ноќното шоу на Летерман во 00:30 часот.

"Килборн почна да добива малку слава, ние почнуваме да добиваме малку внимание со Дејли шоу, и следно што се случува Килборн оди и потпишува со Сибиес без да ни каже," изјавува Херцог.

Следува паника, по која следуваат аудиции: Дејвид Алан Гриер, Мајлк Меккин, Грег Пропс, Бил Вир и Мајк Роу доаѓаат во студиото и ја пробуваат водителската столица. Дописниците на Дејли шоу Бет Литлфорд и Стивен Колбер исто така пробуваат. Ама Херцог и останатите директори на Комеди централ се заинтересирани да го видат стенд-ап комичарот во црн кожњак, човек кој хостирал краткотрајно ток-шоу на Емтиви продуцирано од Смитберг. Тој до сега изгуби од Конан Обраен како замена на Летерман; има напишано книга со сатирични есеи; се има појавувано на Лари Сандерс шоу; и во последно време добива споредни улоги во холивудски романтични комедии. Херцог не мислеше дека комичарот ќе биде заинтересиран за работата. Ама, што има да изгуби ако оди на ручек со Џон Стујарт?

Понатаму приказната продолжува вака

4 ноември 2016 - 14:34