Њузвик, ти некогаш значеше нешто

Магазинот вади дел од подкаст од пред еден месец во кој Џон Стујарт маалски со колеги зборува за Хари Потер, и тоа го пакува под насловот „Џон Стујарт ја обвинува Џ.К. Роулинг за анти-семитизам“. Стујарт реагира на ова со порака до Њузвик: „гзот да ми го јадете.“

Три пораки што се издвојуваат од видео реакцијата на Стујарт се:

- Здраво, јас се викам Џон Стујарт, и не мислам дека Џ.К. Роулинг е анти-семит.

- Њузвик, твојот бизнис модел е ебано подметнување пожари.

- И да ти кажам нешто Њузвик, ти некогаш значеше нешто.


Првичните коментари на Стујарт се однесуваат на едно заглавие од Хари Потер со Гринготс банката, која во книгата е управувана од гоблини, а кои Стујарт во подкастот ги објаснува дека наликуваат на карикатурата на Евреите од анти-семитската книга „Протоколите на мудреците на Цион“.

 

8 јануари 2022 - 23:02