За неколку седмици требаше да почне снимањето на третата сезона од „Проблемот со Џон Стујарт“, меѓутоа екипата деновиве била известена дека тоа нема да се случи, а шоуто се укинува.
Претходно Стујарт ги има известено луѓето од екипата дека дел од темите што ќе се обработуваат во новата сезона се Кина и ВИ, што предизвикало вознемиреност кај директорите на стриминг сервисот Епл ТВ.
Њујорк тајмс објавува неименуван извор според кого причина за загриженост биле и американските претседателски избори 2024, кои имале потенцијал за дополнително недоразбирање.
Иако Стујарт имал креативна контрола врз шоуто, односите со раководството на Епл стануваат понапнати откако почнале да му се мешаат во гостите што планирал да ги покани и темите што сакал да ги обработи.