ЦЕО-то Ричард Плеплер, запрашан за можноста Стујарт да се појави на нивната мрежа пред изборите, одговара дека се надева дека тоа ќе се случи. Стујарт уште од ноември има потпишано 4-годишен договор со ХБО, меѓутоа во него нема некои строги датуми за почнување со работа.
Кога го објавија договорот со Стујарт, ХБО објасни дека неговата работа најверојатно ќе биде "насочена кон ХБО Нау" стриминг сервисот на компанијата.
Плеплер објаснува дека Стујарт "не се брза да се врати во старата улога само за да му фаќа сеир на Трамп," и дека чувствува дека тој се спрема за нешто "за кое тој знае дека ќе се истакнува над останатото и дека ќе биде нов дел од неговото уметничко изразување."
Минатиот септември, запрашан дали би размислил да се врати на телевизија ако Трамп е избран за претседател, Трамп изјавува:
"Јас би размислил да се качам на ракета и да одам до друга планета бидејќи ова очигледно излудела."