Во средината на септември на Дејли Шоу се појавува група фанови на Вашингтон Редскинс кои се против менување на името на клубот (ова барање е по основа на навредливоста на името) кои прилично лошо минаа на гостувањето.
Како што објаснува колумнистката и авторка на книгата The Up Side of Down, Меган МекАрдл, проблемот не е дека фановите немаат аргументи или немаат што да кажат, туку грешката е што воопшто како обични луѓе (а не професионалци кои имаат подготовка и консултанти за ПиАр и имиџ) одлучиле да се појават на телевизија.
Таа составува листа од правила што секој треба да ги почитува ако реши да се појави на Дејли шоу (а генерално важи и општо за телевизија):
1. Не се појавувај.
2. Ако мораш да одиш, со себе земи два диктафони, камера и сведок. Уште на почеток кажи дека се' ќе снимаш и дека го задржуваш правото да ја објавиш снимката во јавност. Кога ќе ти кажат дека нема да те интервјуираат под овие околности, подготви се да си одиш. Нема етичка причина заради која новинар би барал дозвола да ти постави прашање без тоа прашање да биде снимено. Причината зошто не сакаат немонтирано аудио е дека ти би можел истото да го објавиш, што би покажало дека ти си нормална пристојна личност, а не ужасна будала (како што си излегол).
3. Ќе се обидат да те задржат да останеш објаснувајќи ти дека снимањето ќе прави пречки на нивната опрема. Ова е моментот кога ја вадиш камерата од торба и се нудиш така да го снимаш интервјуто. Под никакви услови, немој да дозволиш да си сам во собата со продуцентите и ништо да не снимаш.
4. Сериозно, немој да одиш на Дејли Шоу. Тие го контролираат форматот, прашањата и процесот на монтирање. Нема начин како да победиш. Твоја цел е да излезеш идиот на шоуто, а тие ги имаат сите алатки што им се потребни да ја завршат работата. Има зошто никогаш не си видел клип од некој како го победува Џон Стујарт - или Бил О'Рајли, или кој било друг водител на шоу кое спротивставува професионални водители со обични луѓе. Истата причина е зошто никогаш не си видел клип од обични луѓе како го тепаат Ивандер Холифилд: Тие се навистина добри во ова, а она во што се добри е да те направат да изгледаш како заинаетен морон.
5. Ако мораш да одиш во Дејли Шоу, и, покрај сите совети, седнуваш на интервју без свој сведок и без да снимаш, сфати дека ќе добиеш прашања на кои немаш добар одговор. Правилен одговор на такви прашања е да ја навалиш главата на една страна и да речеш "Извини??" Ако пак ти го постават прашањето, само прашај "Нели веќе ме праша за ова?" Не давај никаков друг одговор на лошо поставено прашање од типот "Кога престана да ја тепаш жена ти."
6. Продуцентите пак и пак ќе ти го поставуваат прашањето, надевајќи се дека ќе добијат смешен одговор. Истото: "Нели веќе ме праша за ова?"
7. Мора да повторам дека не треба да се појавувате на Дејли Шоу. Ако се појавите, после тоа ќе поскате да имате трета нога за да може самите себе да се клоцнете.
8. Немој да се обидуваш да бидеш забавен или шармантен. Забавен и шармантен на телевизија обично излегува "одвратен и арогантен," посебно после монтирање на емисијата.
9. Побогу, зошто би одел на Дејли Шоу? Дали си толку очаен да се појавиш на телевизија? Стварно не е толку забавно. Ти гарантирам. Единствена причина да се појавиш на телевизија е твоите дома да те видат на телевизија, освен што во овој случај, она што ќе го видат е како ти се резилиш пред цела јавност. Нема начин како ова да заврши добро. Остани дома и гледај Дејли Шоу, навистина е забавно кога не ти се смеат на тебе.
Кога сме кај Дејли Шоу, без гости, со тема - конгрес и затоплување: