
Во своето време, Кејнс бил познат/ озлогласен по тоа што често го менувал мислењето.
Две досетки го опишуваат тоа.
„Ако прашате шестмина економисти, ќе добиете седум одговори. Два од нив ќе бидат на на Кејнс.“
„Кејнс е човек кој со секоја своја нова теорија ќе создаде барем три непријатели, меѓу кои и тој самиот.“
Од крајот на Втората светска војна е и анегдотата со Винстон Черчил кој не се согласувал со теориите на Кејнс, но по средбата со американскиот претседател Франклин Д. Рузвелт, му испратил телеграма во која пишувало:
„Блиску сум да се согласам со тебе“.
На тоа Кејнс одговорил:
„Штета. Тукушто почнав да го менувам мислењето“.
Порталот Quote Investigator дошол до заклучок дека насловниот цитат прв го има кажано еден друг славен економист од минатиот век, Пол Самуелсон.
Се работи за добитник на Нобелова награда, еден од најистакнатите кејнсијанци во американскиот јавен живот во текот на 1960-тите и 1970-тите и економски советник на Џон Ф. Кенеди и Линдон Б. Џонсон. Пишувал колумни за „Њузвик“, како контра-поглед на чикашкиот економист Милтон Фридман.
Неговото „менување мислење“ се однесува на тоа што во првото издание на неговиот прирачник „Економија“ тврди дека оптимална стапка на инфлацијата е пет посто, за во подоцнежните изданија да ја намали на три, односно два процента.
„Кога ќе се сменат околностите, го менувам мислењето. Вие?“, рекол Самуелсон кога му посочиле на тоа.
Неговите два процента инфлација и денес се сметаат за пожелни и за златен стандард во меинстрим економијата, бидејќи го живнуваат стопанството.
Не се согласуваат припадниците на австриската економска школа по која секоја инфлација е скриен данок и еден од најбезобразните начини на кои државата ги краде граѓаните.