Американски медиуми:

Ќе добиеш отказ и Трамп ќе ти се насере

После 37 години работење во CBS News и скорешна жестока кавга со претпоставените од легендарната емисија „60 минути“, ветеранот Скот Пили доби отказ. Позадината на превирањата е што матичната компанија на CBS, „Парамаунт“ и нејзините газди Лери и Дејвид Елисон се блиски со Трамп и сакаат да го купат „Ворнер Брос. Дискавери“, во кој спаѓа и Си-Ен-Ен. Заради тоа, “60 минути“ треба да се омекне. 

Скот Пили знаеше дека добил отказ но не и дека тоа го коментирал и самиот Трамп кој за него кажа дека е крут, глуп и не му било гајле за татковината.

Крут и глуп ок, ама последното не го прими лесно.

 

8 јуни 2026 - 14:46