Како што вика познатата американска максима, во таа земја само две работи се задолжителни: да се плати данок и да се умре. Ако си богат, ова второто е со одложено дејство.
Трагајќи од старата кинеска мудрост „зошто да убиеш човек за пари, кога можеш да земеш пари и да му платиш на друг да го убие“, пет потенцијални убијци и еден нарачател завршуваат на суд во Кина.
Двојка од Индијана е обвинета за запуштање и негрижа на дете, откако нивната 11 годишна посвоена ќеркичка ја оставиле самичка во апартман. Само што родителите тврдат дека нивното „дете“ е 22 годишна жена, и тоа психопат.
Син го предава телото на својата почината мајка на Биолошки центар за истражувања, меѓу другото надеваjќи се дека ќе дознае дали таа го носи генот за Алцхајмер од што страдала последните години. Пет години подоцна дознава. Телото е продадено на војската и дигнато во воздух со експлозија.
Стар Албанец кој живее во Франција видел фотографија од неговата ампутирана нога како предупредувачка фотографија на опаковка од тутун. Ниту дал дозвола за користење на сликата ниту ногата ја изгубил од пушење.
Овој едноставен рецепт за стил на живеење е добар начин да се дојде до поубаво тело. И одличен начин да се закачи мускулна дисморфија, пореметување кое зафаќа сè повеќе мажи, во нивната трка и неможност да постигнат „идеално“ тело по кое офкаат.
Кога се штракаат со своите смартфони, луѓето го ризикуваат својот живот повеќе отколку кога влегуваат во море/океан во кое има ајкули. Женски се сликаат, дечки гинат.
Сите козметички производи кои се имаат по дома треба да бидат надвор од дофат на децата, онака како што вообичаено се прави со лековите, препорачуваат експерти. Амбалажата на тие производи и нивниот мирис се толку атрактивни и привлечни за деца што тие некогаш тешко одолеваат да не пробаат од новото „смути„ од јагоди, кокос или чоколадо.
Глифосат е нешто за кое СЗО вика, баталете тоа, могуче да прави рак. А во развиени земји се користи толку масовно, што и да не го користите, ќе ви дојде преку дождот.
Шокантната приказна за Момо, грозниот лик кој ненадејно се појавува во бенигни видеа за деца и ги тера да прават ужасни работи, да се повредуваат и слично е - патка. Слични работи постојат ама не се со Момо. Но, тоа и не е главниот проблем на Јутјуб кидс. Главниот проблем е што е тоа еден јако заглупувачки канал.
Најсигурен начин да фатиш грип е некој со грип да ти се искива у фаца. Ама пошто не секогаш имаш таков при себе, овие продаваат марамчиња во кои некој веќе кивнал а ти само треба да ги протриеш од својот - не уште долго - здрав нос. Зошто сето тоа? За да си се разболиш кога ти сакаш!
Дури 60% од познатите сорти кафе се во опасност поради климатските промени и другите бељи кои ја задесуваат оваа планета. Меѓу нив и оние најпопуларните.
Стара и нерешлива е таа дилема, дали луѓето во суштина се добри а ги расипува околината и општеството, или пак во суштина се темелно кварни а општеството, њему хвала, постои за да го кочи лошотилакот кој во нив го има.
Во интервју по повод неговиот најнов роман, хрватскиот писател и еден од основачите на легендарното движење ФАК, Боривој Радаковиќ, допира една тема која насекаде ја гледаме и кај нас. Толку многу луѓе знаат што мислат другите што не им даваат ни да кажат. Бидејќи овие знаат.
Животна приказна на еден американски полициски офицер кој целиот свој живот го посветува на апсење на луѓе поврзани со дрога. Го прави тоа со несекојдневен жар и посветеност па станува легенда во полициските кругови. Сè додека еден ден не му се јавува ќерка му која е во тинејџерски години и му признава дека е зависничка. Кога ја прашува од каде ѝ пари за дрога бидејќи знае колкав џепарац има, му признава и дека се проституира.
Еден од најдрагите ликови во култната серија најверојатно тивко ќе го снема од Симпсонови. За да немало контроверзи. Убаво вика Мат Греининг: „Живееме во време кога луѓе обожаваат да се преправаат дека се навредени“.
Еден хотел ја повлече рекламата за себе објавена во еден викенд магазин откако пуританскитте крстоносци на Твитер и другите мрежи се воспалија и ја прогласија за сексистичка.
"Нема да ги поебам парите!" си ветил Џим Хејс кога освоил џек-пот од 19 милиони долари. Ја мотаме приказната напред: Џим Хејс влегува во банка и ја пљачка. Што тоа се случило во меѓувреме? Коли, курчење, дроги.
„Што фина комшика имаме, само Џузепе Верди слуша“, си помислиле соседите во едно словачко маало пред 16 години. Деновиве истата комшика е во притвор затоа што сето тоа време, секој ден им го рокала Верди. По 16 часа на ден.
Феминизмот и веганството може да ги поврзува една разбирлива линија на размислување: како одбивност кон агресијата и угнетувањето. Ама ламбичето се пали кога во име на феминизмот, ќе ти додадат и ваков аргумент: Знаете ли дека повеќето животни кои ги јадете се женски?
Социјалните медиуми создадоа уште еден психолошки деформитет за кој прва помош се бара од - пластични хирурзи. Сè почесто им доаѓаат луѓе со желба да изгледаат како што изгледаат со филтрите на Снепчет.
Била вандализирана статуа од Дејвид Боуви, неполни два дена откако била поставена. Прво да се нахранеле сиромашните па после да се дигале споменици (а прво да се нахранеле сиромашните па после бои да се трошеле?). Наравоучение: ајвани можат секакви идиотизми да увалат во име на „праведни“ каузи.
Хемиската индустрија сака да не се плашите од тавчињата со тефлонско дно. Но, да се плашите, бидејќи треба да се плашите. Експерти и познавачи на проблематиката велат дека тефлонот одамна требало да биде забранет. ЗАБРАНЕТ.
Музичар коj на Јутјуб поставил 10 часовно видео со таканаречена „бела бучава“ (научно-техничко објаснување: звукот кога на телевизорот има снег) набргу се соочил со пет различни поплаки за кршење на авторски права.