Меѓу октомври 2011 и ноември 2017 година, најмалку 259 луѓе низ светот го загубиле својот живот фаќајќи селфија. Во истиот период од ајкули загинале само 50 луѓе.
Иако најмногу селфија прават жени, најголем дел од жртвите се млади дечки кои загинале така што се удавиле, се учукале во нешто, паднале или се упуцале пробувајќи да направат јако селфи. Три четвртини од жртвите се од таа група.
Поединечен рекордер е Индија што не е чудно за земја со 1.3 милијарди луѓе во која функционираат преку 800 милиони мобилни телефони. Таа фаќа над половина од глобалниот тотал: на сликање загинале 159 луѓе. Од Индија дошле некои од најшокантните сведоштва за опасноста од селфијата: кога возови удираат цели групи луѓе кои се фотографираат на шини или пак кога брод тоне додека овие упорно се фоткаат.
Ситуацијата со селфијата таму е толку драматична што само во Мумбаи се поставени 16 зони во кои е забрането да се сликаат селфија.
Една од најрискантните групации се туристите кои сакаат да го документираат своето бивствување на секој чекор. На локалците во живописниот 12-ти париски арондисман Ру Кремие, толку им имаат скурчено што отворија свој Инстаграм акаунт на кои им ги објавуваат најглупите и најапсурдни пози.
И Виена има една интересна кампања за дигитална детоксикација. Во музејот Белведере имаат една голема копија од сликата „Бакнеж“ на Густав Климт со која посетителите можат да се испосликаат како сакаат, само за да можат после на раат да уживаат во оригиналот.