Пиво, вино, глифосат

Глифосат е нешто за кое СЗО вика, баталете тоа, могуче да прави рак. А во развиени земји се користи толку масовно, што и да не го користите, ќе ви дојде преку дождот.

Повеќето најпопуларни и најпродавани пива и вина во САД се контаминирани од глифосат, клучната состојка на Раундап, бестселер хербицидот на Монсанто против штетници кој во последно време станува главен камен околу врат на новите сопственици (види: „Тужбите против Монсанто метастазираат’).

Биле тестирани 5 вина и 15 пива, меѓу кои и широкопродаваните Бадвајзер, Коорс, Милер Лајт, Сем Адамс... Од 20-те испитани бренда, глифосат бил најден во 19, вклучувајќи во 3 од 4 органски производи.

Органска винарија во чие вино е најден глифосат, објаснува дека иако самите не користат хербициди и пестициди, тие им доаѓаат преку дождот, поради масовното користење на ови хемикалии во земјоделството.

„Траги од глифосат можат да се најдат во многу прехрмабени продукти во САД. Луѓето мора да станат свесни за големината на проблемот за да се воведе комплетна забрана за глифосатот,“ велат од Фреј Вајнјардс.

 

За крај, еве како еден лобист на Монсанто тврди дека Раундапот е толку безбеден што може и да се пие. Сè додека не му предложиш да се напие:

25 март 2019 - 09:39