Тема на тужбата е нивниот бестселер хербицид против бубачки и штетници, Раундап, и дали тој, заради глифосатите кои ги содржи, предизвикува рак.
Тоа е позицијата на извесен Едвин Хардеман кој тврди дека заради Раундап има оболено од рак на лимфните жлезди.
Баер го презеде Монсанто за 63 милијарди долари формирајќи го на тој начин најголемиот фармацевтски и хемиски концерн на светот. Акциите на Германците сериозно паднаа кога на тема Раундап го изгубија првиот случај во САД за кој беа репнати со отштета од 289 милиони долари. Подоцна таа сума беше намалена а случајот е во жалбена постапка но вториов случај е потежок бидејќи може да послужи како правна мостра за решавање на вкупно 9.300 тужби на слична тема.
Монсанто и Баер се повикуваа на околу 800 студии кои наводно покажале дека глифосатите можат „безбедно да се користат и не предизвикуваат рак.“ Но, подоцна признаа дека добар дел од студиите воопшто не ја испитувале конкретната врска на овој производ со тешките забокувања.
Од друга страна, тужителите се повикуваат на две нови студии кои се неповолни за тужениот, како и на Меѓународната агенција за испитување на ракот која е дел од СЗО и која пред 4 години го вброи хербицидот на Монсанто во категоријата „веројатно канцерогени“ супстанци.