Крајот на една полициска борба против дрогите

Животна приказна на еден американски полициски офицер кој целиот свој живот го посветува на апсење на луѓе поврзани со дрога. Го прави тоа со несекојдневен жар и посветеност па станува легенда во полициските кругови. Сè додека еден ден не му се јавува ќерка му која е во тинејџерски години и му признава дека е зависничка. Кога ја прашува од каде ѝ пари за дрога бидејќи знае колкав џепарац има, му признава и дека се проституира.

„Целата борба против дрогата е срање,“ вели денес полицаецот Кевин Симерс чија борба против дрогите завршува со лична трагедија, кога ќерка му, иако ја ставал зад решетки „за да ѝ дојде памет“, бил со неа додека била на програми за рехабилитација, ја следел како сенка после нив, на крајот сепак умира од предозирање со хероин.

„Јас сум обично ѓубре,“ по телефон на своја другарка ѝ кажала неговата ќерка кога после една рехабилитација паднала во релапс, а нејќела да оди дома знаејќи дека по којзнае кој пат ќе го разочара нејзиниот татко.

Тоа биле последните нејзини зборови. Ја наоѓаат утредента мртва, во автомобил на паркинг.

По осознавањето на провалијата која постои меѓу неговата службена кариера и личната судбина, Кевин денес тврди дека оние 47.000 долари колку што просечно ја чини државата да држи наркоман во затвор е многу подобро ако е искористат во програми за вработување а дури е отворен и за идејата за декриминализација на хероинот.

Тој и мајка ѝ на Брук денес не можат да се помират со интимното сознание дека иако биле со најдобри намери, сè што направиле околу нејзиниот проблем всушност било погрешно.

повеќе

18 ноември 2018 - 18:52